Црна хроника
Во Битола се точело алкохол на малолетници, а пронајдена е и дрога
Во текот на изминатата ноќ и рано утрово, во периодот од 23:30 до 02:10 часот, полициски службеници од СВР Битола спровеле акциска контрола на подрачјето на Битола во угостителски објекти. Во еден објект во Битола затекнати се 50 малолетници по полноќ, од кои 18 консумирале алкохол. Тие се предадени на нивните родители, а по документирање на случајот ќе следуваат соодветни пријави.
Синоќа во 22.15 часот полициски службеници од СВР Битола во угостителски објект во Битола ги лишиле од слобода Л.К.(31) од Скопје и В.М.(22)од Битола, кај кои е пронајдена бела прашкаста материја.
Утрово во периодот од 00.00-04.00 часот на подрачје на Прилеп спроведена е акциска контрола во угостителски објекти при што во угостителски објект во Прилеп затекнато е едно малолетно лице после полноќ, кое е предадено на родителите, а по документирање на случајот ќе следуваат соодветни поднесоци.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Украдена бистата на народниот херој Вера Јоциќ од парк во скопски Центар
Вчера претпладне било пријавено дека била украдена бистата на народниот херој Вера Јоциќ од паркот во скопски Центар.
Како што се наведува во полицискиот билтен, вчера (26.12.2025) во 11:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека од парк на подрачјето на Центар во Скопје е одземена спомен бистата на народниот херој Вера Јоциќ.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Тешко повреден возач во сообраќајна несреќа кај Струга
Вчера околу 15:10 часот, во ОВР Струга е пријавено дека на магистралниот пат А-2 патничко возило „фолксваген голф“ со струшки регистарски ознаки, управувано од 31-годишниот В.М. од село Франгово, струшко, излетало од патот.
Возачот се здобил со тешки телесни повреди, кои му биле констатирани во Медицински центар Струга. На местото на несреќата увид извршила екипа од ОВР Струга.
Црна хроника
Експлодирал бојлер во Свети Николе, тешко повреден е маж
Електричен бојлер експлодирал вчера изутрина, околу 6:45 часот, во стан во Свети Николе и сериозно го повреддил 49-годишниот С.П., кој живеел во станот со семејството, информира МВР во дневниот билтен.
Поради повредите со возило на Итната медицинска помош С.Н. бил префрлен во болница кадер му е укажана лекарска помош.
Случајот бил пријавен во СВР Свети Николе, и извршен бил увид од увидна екипа за да се утврди причината за несреќата.

