Црна хроника
Во близина на Скопје се запалил камион управуван од албански државјанин
Во раните утрински часови на 3 септември во скопската полиција бил пријавен пожар во товарно возило на обиколницата, во близина на клучка „Мирковци“.
Како што информираат од МВР, пожарот настанал во камион марка „сканија“ со приколка и албанска регистрација.
Камионот бил управуван 45-годишен државјанин на Република Албанија, а пожарот избил додека возилото било во движење.
Огнот бил целосно изгаснат од екипа на бригадата за противпожарна заштита Скопје, а полицијата извршила увид на местото на настанот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Сообраќајна кавга завршила со тепачки и оштетени возила во Скопје
Два одделни случаи на физички напади биле пријавени вчера во СВР Скопје, информира МВР.
Првиот случај бил пријавен околу 10 часот, кога на С.М. (47) од Скопје кој се движел со патничко возило од Јурумлери кон населбата Драчево, две возила му го попречиле патот. Според пријавата, од возилата излегле М.С. и уште неколку лица, кои физички го нападнале, при што употребиле и тврди предмети, а било оштетено и неговото возило.
Вториот случај бил пријавен истиот ден во 16:15 часот. Х.Т. (31) од Скопје пријавил дека околу 12:40 часот, на Средно Водно, по претходно недоразбирање во сообраќајот, бил физички нападнат од едно лице.
Од МВР информираат дека во двата случаи се преземаат мерки за целосно расчистување на настаните.
Црна хроника
Кражба во Кочани: му ја украл картичката од дома и извадил 90.000 евра од банкомат
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани поднесе кривична пријава против О.С.А.(41) од Штип поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „кражба“ и за „соизвршителство“ во врска со „оштетување и неовластено навлегување во компјутерскиот систем“ и против Д.К.(35) од Штип и С.М.(38) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „соизвршителство“ во врска со „оштетување и неовластено навлегување во компјутерскиот систем“.
На 29.10.2025 од куќа на лице од Кочани, првопријавениот одзел паричник со пари, лични документи и платежна банкарска картица. После тоа, тој ја дал картичката на второпријавениот, кој заедно со третопријавениoт од банкомат во Кочани извршиле три успешни трансакции од по 30.000 денари или вкупно 90.000 денари, а направиле и дополнителен обид за трансакција кој бил неуспешен.
Црна хроника
Поткуп на граница: жител на Албанија приведен откога оставил пари на биро на Ќафасан
На 21 декември 2025 година, околу 09:10 часот, на Граничен премин Ќафасан, полициски службеници го приведоа Е.К. (53) од Република Албанија.
При вршење пасошка и гранична контрола, лицето на полицискиот службеник му дало поткуп, оставајќи пари на бирото, по што било приведено.
За случајот бил известен јавен обвинител, а по целосно документирање ќе биде поднесена соодветна пријава по член 358 од Кривичниот законик.

