Црна хроника
Во возило на патот Струмица – Радовиш пронајдени 43 мигранти

На регионалниот пат Струмица – Радовиш, кај клучката кај Радовиш, утрово полициски службеници запреле товарно возило „фолксваген“ со скопска регистрација, управувано од 43-годишен скопјанец.
При преглед на возилото во товарниот дел биле пронајдени 43 мигранти.
Возачот бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Уапсен кумановец: му биле измерени 2.34 промили алкохол во крвта при контрола на патниот сообраќај

Вчера во 00.58 часот на улицата „Ѓорче Петров“ во Куманово, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај при СВР Куманово го лишиле од слобода В.П.(45) од Куманово.
При контрола на патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „пежо“ со кумановски регистарски ознаки, кое го управувал, и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека му биле измерени 2.34 промили алкохол во крвта.
По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.
Црна хроника
Татко на синовите им се заканувал со нож, син ја нападнал мајка си – семејно насилство во Скопје

Два случаи на семејно насилство се регистрирани вчера во Скопје.
Нешто пред полноќ, 24-годишен маж од Скопје пријавил дека во дворот од семејната куќа на подрачјето на општина Аеродром, неговиот татко И.Т.(54) со остар предмет упатувал закани кон него и неговиот 26-годишен брат.
На подрачјето на Ѓорче Петров, пак, полицијата го приведе Б.Л.(28) од Скопје, по претходна пријава дека околу 12.00 часот во семејниот дом, физички ја нападнал неговата 50-годишна мајка.
МВР ги расчистува случаите.
Црна хроника
Пожар во Дебреше во дом на притвореник за убиство, најден пиштол

Пиштол бил најден за време на гаснење на пожар во куќа. Горел вториот кат, а во моментот во домот немало никој.
Се работи за куќа во селото Дебреше, која е во сопственост на Б.В. кој моментално издржува мерка притвор во затворот во „Шуто Оризари“ за убиство, соопшти МВР.
Пожарот избувнал утринава два часа по полноќ, а на терен излегле полицијата и пожарникарите. Бил локализиран еден час подоцна.
Во текот на денот ќе се врши увид.