Топ
Во Германија запленети 2.100 лажни часовници наменети за македонскиот пазар
Повеќе од 2.100 фалсификувани луксузни часовници се запленети во четвртокот на аеродромот во Франкфурт, соопшти полицијата.
Во меѓувреме се појавија сомнежи за автентичноста на ваквите вредни предмети што пристигнале со пратка од Хонг Конг, пишува „Дојче веле“.
Дванаесет пакети биле на пат кон Северна Македонија, а биле пренесени преку аеродром во Германија.
Да беа оригинали, часовниците би вределе околречиси 176 милиони евра, се вели во соопштението на царинската служба.
Цариниците ги пронашле часовниците во октомври, но квалитетот на фалсификуваните часовници бил толку висок што царинската служба побарала мислење од 11 производители на луксузни часовници.
„Често лажните часовници не може да се препознаат на прв поглед“, вели Кристи Штрас, портпаролка на царината на аеродромот во Франкфурт.
Таа додава дека веќе се уништени лажните часовници.
Минатата година главниот царински оддел во Франкфурт поведе постапки за дури 8.958 гранични заплени.
Царинските службеници запленија часовници, лекови, телефони, електроника, облека, обувки, но и производи за лична нега и играчки за деца, пренесе „Телеграф.рс“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
(Видео) Украинците нападнаа база на една од најнапредните руски единици, убиени се офицери
Припадници на Главната разузнавачка управа (ХУР) на Украина извршија прецизен напад во окупираниот град Авдиивка во регионот Донецк, уништувајќи го командниот пункт на руската елитна единица за беспилотни летала „Рубикон“. Неколку руски офицери и оператори на беспилотни летала беа убиени во нападот, потврди ХУР.
Разузнавачите открија дека рускиот штаб се наоѓал во делумно уништена зграда во градот. Единицата „Рубикон“ е специјализирана за употреба на борбени беспилотни летала и се смета за една од најнапредните и добро финансирани формации во руската војска.
По добивањето на прецизни координати, украинските сили лансираа беспилотно летало ФП-2 натоварено со повеќе од 100 килограми експлозив на локацијата.
Ukraine’s Defense Intelligence (HUR) has released another video, claiming a strike on the headquarters of the Rubicon unit – one of Russia’s most impactful drone formations. Preliminary geolocation points to the former Agat factory on the outskirts of Avdiivka. pic.twitter.com/jN2XLOV7ss
— Tatarigami_UA (@Tatarigami_UA) November 4, 2025
Силна експлозија ја уништи зградата, елиминирајќи ги руските офицери и оператори внатре. Разузнавачката агенција ја опиша операцијата како „одмерен чин на одмазда“, додавајќи дека сите воени злосторства извршени против украинскиот народ „ќе бидат казнети“.
Ова не е единствената успешна акција на украинското разузнавање во последните денови. Во посебна операција рано наутро во недела, 2 ноември, борците на ХУР уништија и неколку руски системи за воздушна одбрана во окупираниот Крим.
фото: принтскрин
Свет
(Видео) Најмалку седум лица загинаа откако се урна товарен авион во САД
Tоварен авион на компанијата UPS се урна во вторник и експлодираше во огнена топка неколку моменти по полетувањето од меѓународниот аеродром во Луисвил, Кентаки, при што загинаа седум лица, вклучувајќи ги сите тројца во авионот, а 11 беа повредени на земја, соопштија официјални лица, објави Ројтерс.
Федералната администрација за воздухопловство (ФАА) ја потврди несреќата.
NEW: Large explosions after UPS Flight 2976 crashes near Louisville International Airport in Kentucky pic.twitter.com/qQ2bSug3tz
— BNO News (@BNONews) November 4, 2025
Аеродромот во Луисвил е седиште на UPS Worldport, глобалниот центар за воздушен товар на компанијата и најголемиот објект за сортирање пакети во светот.
ФАА ги објави деталите во официјално соопштение. „Летот 2976 на UPS се урна приближно во 17:15 часот по локално време во вторник, 4 ноември, по полетувањето од меѓународниот аеродром Луисвил Мухамед Али во Кентаки“, се вели во соопштението.
Македонија
Поради поголем пламен и отпаднати делови од приколка на возило делницата од автопат А1 Велес – Градско е затворена
Поради поголем пламен и отпаднати делови од приколка на возило, во 01:20 часот делницата од Автопат А1 Велес – Градско е затворена и возилата се пренасочуваат по експресниот пат Градсско – Дреново до локализирање и ликвидирање на пожарот, извести АМСМ.
Сообраќајот на магистралниот пат Прилеп – Градско се одвива наизменично.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

