Црна хроника
Во кумановско Отља почина 70-годишник затрупан од одрон
Во атарот на кумановското село Отља во месноста викана „Краиште“, на 21 март во попладневните часови починал 70-годишник кој бил затрупан од одрон од земја.
Како што информираат од МВР, 70-годишникот работел на санација на резервоар за вода што го користел за сопствени потреби, па влегол во ископот длабок околу четири метри, при што бил затрупан од одрон од земја и починал.
На местото на настанот извршен бил увид од увидна екипа од СВР-Куманово.
По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на семејството.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Скопјанец повреден од огнено оружје: бил пренесен во болница
Утрово во 03:17 часот во СВР Битола, лекар од Итна медицинска помош Македонски Брод пријавил дека кај нив со повреда на рака од огнено оружје е донесен Н. Н.(52) од Скопје.
Со возило на Итна медицинска помош, тој е пренесен во болницата „Борка Талески“ во Прилеп за укажување на лекарска помош.
Пoлицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Охриѓани се степале во ноќен клуб
Во СВР Охрид, утрово во 03:02 часот било пријавено дека во ноќен клуб на булеварот „Железничка“ во Охрид, С.С. со стаклен предмет го нападнал Д.С.,двајцата од Охрид.
Тој се здобил со телесни повреди, констатирани во Општата болница во Охрид и по целосно расветлување на настанот, против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од МВР.
Црна хроника
Таксист нападнат на паркинг простор во Охрид
Утрово во 03:00 часот во СВР Охрид е пријавено дека на паркинг простор на булеварот „Туристичка“ во Охрид, едно лице физички го нападнал такси возачот С.Н.(50) од Охрид.
По целосно расветлување на настанот, против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти полицијата.

