Црна хроника
Во патна исправа ставил пари и се обидел да го поткупи полицискиот службеник, приведен гостиварец
Вчера, во 8.20 часот, полициски службеници од Полициската станица за гранични проверки и граничен надзор Блато го привеле А. С. (64) од с. Чегране, Гостиварско.
На граничниот премин Блато, при пасошка контрола при влез во државата, во патна исправа ставил пари и се обидел да му даде поткуп на полицискиот службеник.
Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Тетовец со автомобилот удри во малолетен пешак
Вчера на улицата Љубо Божиновски – Пиш во Тетово, патничко возило „опел вектра“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од М.Р.(33), удрило во малолетен пешак од градот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Клиничка болница Тетово, објави МВР во дневниот билтен.
Извршен бил увид.
Топ
Исчезнаа седум Непалци кои работеле во скопски фирми
Седум лица од Непал исчезнаа во текот на вчерашниот ден.
Според информациите, тие работеле во две скопски фирми, а им се губи трага речиси истовремено, во текот на вчерашниот ден.
Петмина работеле во приватна фирма во општина Аеродром, а случајот во МВР го пријавил сопственикот на компанијата во 14 часот.
Останатите двајца, според пријавата за помалку од два часа, се оддаелечиле од хотелот каде престојувале.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата, велат од МВР.
Црна хроника
Неготинец го запалил домот на родителите и покрај судската забрана да се приближува да нивната куќа
Дваесет и седумгодишен неготинец со иницијали .М.А. доби кривична пријава од полицијата, откако предизвика пожар во домот на неговите родители, и покрај судската забрана да се приближи таму.
Спорд информациите од МВР, тој во повеќе наврати упатил закани на неговите родители, а по изречена мерка „забрана да се приближува на растојание на 100 метри до домот“ од Основен суд Неготино, во два наврати ја прекршил, а кога отишол во нивниот дом предизвикал пожар.
Мажот се гони за загрозување на сигурноста, две кривични дела предизвикување општа опасност и две кривични дела неизвршување на судска одлука.