Црна хроника
Во полициска контрола на локали, фатени осум танчерки
Полициски службеници од СВР Тетово и полициски службеници од МВР ноќеска спроведоа акција во угостителски објекти.
Според информациите, од 23.00 до 03.20 часот, извршиле контрола во угостителски објект во гостиварското село Добридол и претрес во куќа, каде биле затекнати осум женски лица, од кои пет странски државјанки (три од Р.Србија, една од Р.Црна Гора и една од Р.Хрватска), на возраст од 20 до 31 година, како и три македонски државјанки на возраст од 35 до 43 години.
Тие се приведени и задржани во Полциската станица Гостивар, поради сомение за нивна инволвираност во кривично дело посредување во вршење проституција.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Крадец влегол преку незаклучена врата: ѝ го украл накитот на скопјанка, ја турнал и побегнал
Ноќеска во 22:50 часот во СВР Скопје, 48-годишна жена од скопско пријавила дека на 25.10.2025 околу 19:00 часот во домот на подрачјето на Бит Пазар, едно лице влегло преку незаклучена врата.
Откако влегло лицето и одзело личен накит, а откако пријавителката го затекнала, лицето ја турнало и се дало во бегство.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Прегазена 76-годишна скопјанка
Вчера околу 09:50 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„16 Македонска бригада“ во Скопје, патничко возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.Г.(26) од Скопје, удрило во 76-годишната М.Г. од Скопје.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила М.Г., констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.
Црна хроника
Измамен скопјанец: лажно му се претставил дека е полицаец и го ограбил
Вчера во 11:10 часот во СВР Скопје, М.А.(61) од Скопје пријави дека ноќта околу 00:30 часот на подрачјето на Гази Баба, додека бил во своето патничко возило, едно лице кое му се претставило дека наводно е полициски службеник, му одзело документи од возилото.
Потоа, според пријавеното, му рекол на М.А. да влезе во друго возило и му одзел пари и платежна картичка и подоцна го симнал на подрачјето на општина Аеродром.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

