Црна хроника
Во притвор македонски државјанин кој сакал да војува во Сирија
Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција донесе наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело учество во странска војска, полиција, паравоени или параполициски формации од член 322-а ст.3 вв ст.9 од Кривичниот законик.
На почеток на месец ноември минатата година осомничениот со намера да учествува и да се обучува од страна на странска војска, полиција, паравоени или параполициски формации во Сирија, ја напуштил територијата на нашата држава со автобус и заминал за Турција. Во текот на патувањето остварувал контакти со македонски државјани, истакнати приврзаници на радикален ислам, кои се наоѓале во кризните подрачја на Сирија и кои му помогнале со контакти со лица од Турција што ќе му овозможат префрлање во Сирија. При обид во воено забранетата зона илегално да ја премине границата на Турција и да влезе на сиријска територија бил спречен и фатен од страна на турските власти. При легитимирање дал лажен идентитет на државјанин на Италија.
По пат на меѓународна соработка со Турција, осомничениот е екстрадиран во земјава и изведен пред судија на претходна постапка. Поради постоење на основите предвидени во член 165 ст.1, 2 и 3 од Законот за кривична постапка по предлог на надлежен обвинител на осомниченото лице му е определена мерка притвор во траење од 30 дена.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Стржанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка
Полицијата во Тетово поднесе кривична пријава против А.А.(41) од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на лични податоци“ и „производство и дистрибуција на детска порнографија“.
Пријавениот, на социјална мрежа, објавил фотографии и видео снимки со експлицитна содржина од женско лице, кое во тоа време било малолетно.
Црна хроника
Жена од Гевгелија измамила Грк дека е од Царина и му зела 2.000 евра
Полицијата поднесе кривична пријава против М.Ј.(46) од Гевгелија, поради измама.
„Пријавената, на 13 септември на царинскиот терминал на Граничниот премин „Богородица“, го довела во заблуда грчкиот државјанин К.Г.К., на начин што лажно се претставила дека е застапник во царински постапки и лажно му прикажала факти дека сторил тежок царински прекршок, поради што ќе биде задржан на македонско-грчката граница од страна на царинските власти и му побарала 2.000 евра, за да му помогне, на што се согласил“, објави МВР во дневниот билтен.
Црна хроника
Демолиран изборен штаб во Конче
Г.Г.(45) од село Дедино, општина Конче, пријавил во полицијата дека ноќта помеѓу 24 и 25.04.2024 во времето од 22.00 до 06.00 часот било скршено стакло на објект во село Дедино, кој се користел како штаб на кандидат за претседател на државата.
Увид на местото извршила екипа на ОВР Радовиш и се преземаат мерки за расчистување на случајот.