Црна хроника
Охриѓани краделе бела техника и уметнички слики од викендички во Охрид
Против две лица од Охрид поднесени се кривични пријави поради сомнеж дека учествувале во 11 кражби во викенд-станови и куќи во градот.
„Поради постоење основи на сомнение за сторени 11 кривични дела ‘тешка кражба’, СВР Охрид поднесе кривична пријава против С.Ѓ.(35) како и против К.А.(48) за кривичното дело прикривање, двајцата од Охрид. Тешките кражби, пријавениот С.Ѓ. ги извршил во периодот од 1.10.2019 до 21.1.2020 година во викенд-станови и куќи во Охрид, во приградските населби Рача и Исток, како и во викендички и хотел во близина на болницата ‘Св.Еразмо’ во Охрид“, информираат од полицијата.
Тој користел адекватен алат и одзел електрични апарати, бела техника, уметнички слики, други предмети, кои потоа му ги давал како залог на второпријавениот К.А.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Стружанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка
Полицијата во Тетово поднесе кривична пријава против А.А.(41) од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на лични податоци“ и „производство и дистрибуција на детска порнографија“.
Пријавениот, на социјална мрежа, објавил фотографии и видео снимки со експлицитна содржина од женско лице, кое во тоа време било малолетно.
Црна хроника
Жена од Гевгелија измамила Грк дека е од Царина и му зела 2.000 евра
Полицијата поднесе кривична пријава против М.Ј.(46) од Гевгелија, поради измама.
„Пријавената, на 13 септември на царинскиот терминал на Граничниот премин „Богородица“, го довела во заблуда грчкиот државјанин К.Г.К., на начин што лажно се претставила дека е застапник во царински постапки и лажно му прикажала факти дека сторил тежок царински прекршок, поради што ќе биде задржан на македонско-грчката граница од страна на царинските власти и му побарала 2.000 евра, за да му помогне, на што се согласил“, објави МВР во дневниот билтен.
Црна хроника
Демолиран изборен штаб во Конче
Г.Г.(45) од село Дедино, општина Конче, пријавил во полицијата дека ноќта помеѓу 24 и 25.04.2024 во времето од 22.00 до 06.00 часот било скршено стакло на објект во село Дедино, кој се користел како штаб на кандидат за претседател на државата.
Увид на местото извршила екипа на ОВР Радовиш и се преземаат мерки за расчистување на случајот.