Црна хроника
Во Скопје вчера 10 сообраќајки, двајца загинати и шестмина повредени
Во текот на изминатиoт ден во Скопје се случиле 10 сообраќајни незгоди од кои една со починати лица, една со тешки телесни повреди, три со телесни повреди и пет со материјална штета. При сообраќајните незгоди две лица го загубиле животот, едно се здобило со тешки телесни повреди и пет со лесни телесни повреди.
89 возачи се санкционирани бидејќи се движеле со поголема брзина од дозволената. Исто така исклучени се и 25 возачи, бидејќи 18 го управувале возилото пред да се стекнат со право за управување на моторно возило, двајца биле возачи почетници и пет го управувале возилото под дејство на алкохол.
Две возила се исклучени од сообраќај бидејќи биле технички неисправни. Пет возачи се санкционирани бидејќи поминале крстосница на црвено светло, двајца не дале првенство на минување на пешаци, тројца неправилно се престроиле, еден неправилно престигнувал и 16 не користеле заштитен шлем. Во однос на пешаците санкционирани се тројца пешаци кои поминале коловоз надвор од пешачки премин. Во текот на изминатиот ден издадени се 120 мандатни платни налози, додека исто така 68 возила се подигнати со „пајак”.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Пронајдени и одземени 220 таблети во пакет за осуденик во затворот Идризово
На 11 јануари 2026 година во 15:00 часот во СВР Скопје, од Казнено-поправна установа Затвор Идризово било пријавено дека околу 12:30 часот, при извршен претрес на пакет наменет за осудено лице А.Н. (39) од Скопје, биле пронајдени и одземени 220 таблети.
Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Инцидент во трговски центар: две жени меѓусебно се пријавиле за физички напад
На 11 јануари 2026 година во 13:10 часот во СВР Скопје, С.К.П. (41) пријавила дека околу 12:20 часот во трговски центар на подрачјето на Центар била физички нападната од М.Д. (56).
Според пријавата, со М.Д. било и едно машко лице кое ја снимало С.К.П. со мобилен телефон.
Од полицијата информираат дека и М.Д. поднела пријава, во која навела дека била физички нападната од С.К.П.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Тешко повреден 70-годишник во пожар во куќа во виничко Блатец
На 11 јануари 2026 година во 12:04 часот во ОВР Виница било пријавено дека во село Блатец, околу 11:50 часот, настанал пожар во куќа и помошна просторија – работилница, сопственост на М.Д. (70) од истото село.
Како што информира полицијата, сопственикот се здобил со тешки телесни повреди и со возило на Итната медицинска помош од Виница бил пренесен во Општа болница Кочани за укажување лекарска помош.
Пожарот бил изгаснат од екипи на Територијалната противпожарна единица Виница и Територијалната противпожарна единица Кочани.

