Црна хроника
Во Скопје за еден ден се случиле девет сообраќајни незгоди, од кои една железничка со загинати лица
Во текот на изминатиот ден во Скопје се случиле девет сообраќајни незгоди, од кои една железничка со загинати лица, две сообраќaјни незгоди со телесни повреди и шест со материјална штета, соопшти полицијата.
Во сообраќајните незгоди едно лице го загубило животот и четири лица добиле телесни повреди. Од преземените мерки и активности констатирано е дека 36 возачи управувале возило со брзина поголема од дозволената, велат од полицијата.
Од сообраќај се исклучени 13 возачи, од кои, како што соопштија од полицијата, еден затоа што управувал возило под дејство на алкохол, 10 возачи затоа што управувале возила, без да стекнат право за управување моторно возило и двајца затоа што биле возачи почетници. Исто така, исклучени од сообраќај се и 10 возила бидејќи биле нерегистрирани.
Санкционирани се четири возачи поради поминување крстосница на црвено светло, двајца поради неносење пропишана зимска опрема, 12 возачи поради неносење сигурносен појас и 20 возачи поради користење мобилен телефон при управување со возило.
Во текот на изминатиот ден издадени се 118 мандатни платни налози и 74 возила се подигнати со специјалното возило „пајак“, велат од МВР.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Пронајдена дрога во тетовско, уапсени две лица
Вчера во 23:30 часот во с.Боговиње, тетовско, полициски службеници од Полициското одделение Камењане ги лишија од слобода Б.А.(20) и Ф.А(20) двајцата од с.Боговиње.
При преглед на патничко возило „фолксваген голф“ со тетовски регистарски ознаки, во кое се превезувале, била пронајдена и одземена марихуана.
По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава.
Црна хроника
Уапсени двајца малолетници од Скопје, не застанале на полициска патрола, со мотоцикл удриле полицаец
Ноќеска во 00:45 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од СВР Скопје лишија од слобода и приведоа двајца 16-годишници од Скопје.
При вршење службени дејствија, околу 00:10 часот на бул.„Митрополит Теодосиј Гологанов“ во Скопје, полициски службеници забележале мотоцикл без регистарски ознаки, кој го управувал еден од малолетниците, но тој не застанал на знак за запирање, по што со мотоциклот удрил во еден полициски службеник и му нанел повреди.
Набргу, по преземени мерки мотоциклот е запрен и тие се фатени, при што малолетниот сопатник агресивно се однесувал кон полициските службеници.
По целосно документирање на случајот, против двајцата ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.
Топ
Работник од Дебар загина по несреќа на градилиште, починал на пат кон болница
Работник од Дебар го загуби животот по несреќа на градилиште што се случила вчера претпладне.
Како што било пријавено во ОВР Дебар околу 11:35 часот од Итната медицинска помош, 40-годишниот С.К. од Дебар починал на пат кон болницата во градот. Според информациите, околу 11:15 часот тој паднал од зграда во изградба на улицата „Братство единство“ во Дебар, каде што бил ангажиран на работа.
По несреќата, повредениот бил пренесуван кон болницата, но им подлегнал на повредите за време на транспортот.
На местото на настанот излегле трудов инспектор и јавен обвинител, а по нивна наредба телото на починатиот е предадено на обдукција. Увид на локацијата извршила екипа од ОВР Дебар.

