Црна хроника
Во Скопје осум сообраќајни незгоди, шестмина повредени
Во текот на вчерашниот ден на подрачјето на Скопје се случиле осум сообраќајни незгоди, од кои пет со лесни телесни повреди и три со материјална штета. Во сообраќајните незгоди шест лица добиле лесни телесни повреди.
Од преземените мерки и активности констатирано е дека 11 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената. Од сообраќај се исклучени 11 возачи, од кои три возачи поради тоа што управувале моторно возило под дејство на алкохол, пет возачи управувале возила без да стекнат право за управување моторно возило и тројца биле возачи почетници. Десет возачи се санкционирани бидејќи управувале нерегистрирани возила.
Исто така, санкционирани се и девет пешаци: тројца бидејќи поминале коловоз на црвено светло и шестмина затоа што поминале коловоз надвор од означен пешачки премин. Санкциониран е и еден возач што поминал на крстосница на црвено светло. Во текот на изминатиот ден издадени се 59 мандатни платни налози, а 62 возила се подигнати со специјално возило „пајак“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Со измами за лажни сообраќајки, охриѓанец „заработил“ 3,6 милиони денари, полицијата го уапси
Полицијата расчисти девет сторени кривични дела измама за лажни сообраќајни незгоди, охриѓанец заврши во притвор, жртвите ги оштетил за 3.600.000 денари.
Полицијата вчера го уапси П.С.(38) од Охрид. По извршен службен разговор П.С. појаснил за начинот, местото и времето на извршување на девет кривични дела од кои шест во Штип и три во Виница при што пријавителите се оштетени за околу 3.600.000 денари. Тој се јавувал на повозрасни лица и лажел дека нивни блиски направиле сообраќајки и им барал пари.
На измамникот му е одреден притвор.
Црна хроника
Бил агресивен и искршил куќна ограда: уапсен маж од Струшко
Синоќа во 21 часот, во струшкото село Радожда, лишен од слобода е К.С.(33) од истото село.
Тој бил пријавен дека го нарушил јавниот ред и мир со агресивно однесување кон М.М. и неговото семејство и извршил оштетување на нивната куќна ограда.
Полицијата соопшти дека по целосно документирање на настанот, против него, ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Претрес во Кавадарци, пронајдено оружје и муниција, уапсено едно лице
Вчера вечер во 22:00 часот, во Кавадарци, полициски службеници го уапсија А.М.(38) од Кавадарци. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба од Основен суд Кавадарци, биле пронајдени и одземени гасен пиштол, рамка со куршум, воздушен пиштол, два револвери и 58 куршуми 9 мм, кои ги поседувал без соодветна документација.
Тој бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

