Црна хроника
Во Скопје 11 сообраќајни несреќи, шестмина повредени
Во текот на вчерашниот ден на подрачјето на Скопје се случиле 11 сообраќајни незгоди, од кои една со тешки телесни повреди, пет со телесни повреди и пет со материјална штета. При сообраќајните незгоди едно лице добило тешки телесни повреди, а осум лица добиле лесни телесни повреди.
41 возач се санкционирани бидејќи се движеле со поголема брзина од дозволената. 18 возачи се исклучени од сообраќајот бидејќи 14 го управувале возилото пред да стекнат право за управување моторно возило и четворица го управувале возилото под дејство на алкохол. 15 возила се исклучени од сообраќај бидејќи биле нерегистрирани. Тројца возачи се санкционирани бидејќи поминале крстосница на црвено светло, седум неправилно се престроиле и пет неправилно престигнувале.
Во однос на пешаците санкционирани се четворица пешаци што поминале коловоз на црвено светло. Во текот на изминатиот ден издадени се 129 мандатни платни налози, а 73 возила се подигнати со „пајак“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
МВР со опомена до 150 граѓани кои зборувале на телефон додека минувале на пешачки
Во периодот од 26.09.2025 до 07.11.годинава полициските службеници од СВР Скопје издале вкупно 150 опомени за граѓаните. Согласно проценките, динамиката и степенот на информираност и запознавање на граѓаните за измените во законската регулатива, во наредниот период се очекува отпочнување со изрекување на соодветни санкции, по целосното информирање на граѓаните за новите законски одредби.
Новите измени во Законот за безбедност во сообраќајот – пешачењето со телефон во рака или преминувањето пешачки со тротинет е прекршок кој се плаќа. Ако преминувате пешачки со мобилен телефон на уво или во рака – казната е 40 евра.
Ако возите тротинет, мотор или трактор со користење електронски уред – казната е 50 евра.
Црна хроника
Пожар зафати товарно возило во двор на фирма во Крушопек
Во првите часови по полноќ, на 8 ноември, во СВР Скопје било пријавено дека во двор на фирма во селото Крушопек избувнал пожар во товарно возило ман со скопски регистарски таблички, сопственост на фирмата.
Пожарот бил навреме изгаснат од екипи на Бригадата за противпожарна заштита. Нема повредени лица, а увид на местото на настанот ќе биде извршен во текот на денешниот ден.
Црна хроника
Жена падна во автобус и тешко се повреди
Педесет и седумгодишна скопјанка се здобила со тешки телесни повреди откако вчера паднала во автобус кој сообраќал по булеварот Кузман Јосифовски Питу во Скопје. Според пријавеното во СВР Скопје, жената била патник во автобус управуван од 59-годишен возач од Волково.
По падот, таа била пренесена во Градската општа болница Св. Наум Охридски, каде што и биле констатирани тешките повреди. На местото на настанот извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје.

