Црна хроника
Во собраќајка во Ѓорче Петров настрадаа и тројца пешаци

Во скопската полиција синоќа (29 февруари) било пријавено дека на крстосницата од улиците „Ѓорче Петров“ и „Мајски манифест“ се случила сообраќајна незгода во која учествувале „југо“ управувано од 22-годишен скопјанец и „бе-ем-ве“ исто така управувано од 22-годишник од Скопје.
Во сообраќајката меѓу двете возила со повреди се здобиле двајцата возачи, но настрадале и тројца пешаци, од кои две малолетни лица.
Од МВР информираат дека повредени се лица на возраст од 19, 17 и 16 години кои биле пренесени во болницата „Аџибадем Систина“ и градската општа болница „8-ми Септември“ за укажување на лекарска помош.
Спортските портали објавија дека меѓу повредените се две ракометарки на ЖРК Вардар, кои живееле во населбата Ѓорче Петров и во моментот на незгодата чекале автобус на локалната постојка.
На местото на настанот извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Центарот за социјални работи пријави обљуба врз малолетник на Бит-пазар

На 14 октомври, околу 00:30 часот, во Полициската станица Бит Пазар од Центарот за социјални работи било пријавено дека на подрачјето на Бит Пазар едно лице извршило обљуба врз малолетен штитеник на центарот, информира МВР.
Полицијата презема мерки за целосно расчистување и документирање на случајот.
Црна хроника
Тинејџер ја нападнал 18-годишната девојка во Скопје

Oсумнаесетгодишна девојка пријави во МВР дека на подрачјето на Ѓорче Петров била физички нападната од нејзиниот 19-годишен партнер од Скопје.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
83-годишник паднал од мотор во Струмичко, тешко повреден

Вчера во селото Зубово, струмичко, се случила сообраќајна несреќа. Како што информира МВР, 83-годишниот К.С. од Зубово, управувајќи мотоцикл „хонда“ со струмички регистарски ознаки, изгубил контрола над возилото и паднал на коловозот.
Во несреќата мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди, кои биле констатирани во Медицинскиот центар во Струмица.
На местото на настанот увид извршила екипа од СВР Струмица.