Црна хроника
Во сообраќајна незгода во општина Липково повредени мотоциклистот и неговиот сопатник

На 16.06.2025 околу 20.40 часот во СВР Куманово било пријавено дека на крстосница од локалниот пат село Виштица-село Никуштак и пат за село Виштица, општина Липково, се случила сообраќајна несреќа помеѓу мотоцикл „јамаха“ без регистарски таблички, управуван од Ф.С.(27) од село Липково и патничко возило „фолксваген голф“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од 20-годишната А.Ј. од Скопје.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, а со телесни повреди се здобил неговиот сопатник С.М.(23) од Скопје, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Уапсен 20-годишен тетовец, уценувал малолетничка да му даде пари за да не објави експлицитни фотографии

Вчера во 14 часот во Тетово полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода 20-годишниот Р.Р. од Тетово поради основи на сомнение дека уценувал малолетничка од тетовско.
Имено, околу 12 часот во СВР Тетово тој бил пријавен од страна на 45-годишна жена и нејзината малолетна ќерка од тетовско село дека ја уценувал малолетничката, со која бил во љубовна врска претходните три години.
Тој во текот на 2025 година неколку пати побарал од малолетничката пари за да не објави нејзини експлицитни фотографии на социјалните мрежи.
Пријавителката во два наврати му дала вкупно 800 евра, но тој продолжил со уцените. Р.Р. е задржан во полициска станица и по документирање на случајот, против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 259 став 1 од КЗ.
Црна хроника
Уапсен маж од Кавадарци, возел под дејство на алкохол

Вчера во 19.20 часот на улицата „Страшко Пинџур“ во Кавадарци полициски службеници од Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата го лишиле од слобода 43-годишниот Л.Т. од Кавадарци.
При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко моторно возило „пежо” со кавадаречки регистарски ознаки, кое го управувал Л.Т. и по преземени мерки било констатирано дека бил под дејство на алкохол, односно измерени му биле 1,77 промили алкохол во крвта.
По документирање на случајот, ќе биде поднесена пријава по член 297-а од КЗ.
Топ
Уапсен скопјанец, подметнал пожар во Ѓорче Петров

Вчера вечер, полициски службеници од СВР Скопје на територија на Ѓорче Петров го лишија од слобода 57-годишниот Д.Н. од Скопје поради основи на сомнение дека околу 21.40 часот подметнал пожар односно запалил сува трева во тревникот на улицата „Стево Црвенковски“ во Ѓорче Петров.
Д.Н. бил забележан од граѓанин, кој пријави во СВР Скопје, а полициски службеници веднаш преземаа мерки и активности и сторителот е лишен од слобода.
По документирање на случајот, против Д.Н. ќе биде поднесена соодветна пријава.