Црна хроника
Во сообраќајна незгода тешко повреден 19-годишник од Струмичко

Вчера во 22.00 часот во Полициската станица Струмица било пријавено дека околу 21.40 часот на локален пат помеѓу селата Банско и Муртино, струмичко, се случила сообраќајна несреќа помеѓу мотоцикл „хамачи“ без регистарски ознаки, управуван од 19-годишниот Д.К. од село Банско и товарно возило „там“ со струмички регистарски ознаки, управувано од 41-годишниот С.С. од село Банско, извести МВР.
„Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мотоциклот, констатирани во Медицински центар Струмица. Увид на местото извршила екипа на Полициската станица Струмица“, соопшти МВР.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Во Охридското езеро уапсен албански државјанин кој илегално ја поминал границата и незаконски ловел риба

Околу 04.35 часот по полноќ, во водите на Охридското езеро, полицијата го приведе албанскиот државјанин К.С.(47) поради сомнеж за илегално преминување на државната граница и незаконит риболов.
Судија на претходна постапка при основниот суд во Охрид, му одреди мерка „краткотраен притвор“.
„При вршење патролни контролни активности на Охридското езеро, полициските службеници го затекнаа К.С. во неговиот пловен објект во македонските територијални води над населбата „Лагадин“, како врши незаконит риболов во водите на Охридското Езеро со помош на блинкери и по извршен преглед, пронајдени се 22 топки со 110 блинкери и друг риболовен алат кои, заедно со пловилото се одземени“, соопшти МВР.
По целосно документирање на настанот, против него ќе бидат поднесени соодветни пријави.
Топ
Хаос во хотел во Лазарополе: скопјанец фрлал предмети и нападнал сограѓанин

Дваесет и деветгодишен скопјанец, К.Ж. е приведен по инцидент што се случил синоќа во хотел во Лазарополе.
Според информациите од полицијата, тој фрлал разни предмети кон хотелот, оштетувајќи прозор, а потоа физички и со остар предмет го нападнал С.Р.(26) од Скопје.
По проверките било констатирано дека се барал за издржување казна затвор во Шуто Оризари за сторено кривично дело за самовластие.
По целосно документирање на настанот ќе следува соодветна пријава.
Црна хроника
Кривична за началник од Кисела Вода, при претрес најдени муниција и солзавци

Полицијата поднесе кривична пријава против С.Д. од Скопје, началник на Одделението за криминалистички работи при ЕВР Кисела Вода, поради сомнежи за недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи.
При негов личен и претрес во службени простории на МВР, каде што извршува службени задачи, извршен со наредба на Основен кривичен суд Скопје, биле пронајдени и одземени муниција и солзавец за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело.
Одделот за внатрешна контрола против С.Д. поднесе и предлог за покренување на постапка за утврдување на одговорност за кршење на работната дисциплина и изрече задолжителна мерка отстранување од работното место до завршување на постапката.