Црна хроника
Во сообраќајна несреќа тешко повредена 40-годишна тетовка
На локалниот пат Тетово – Фалише, вчера, околу 15.40 часот, се случила сообраќајна несреќа, во која учествувале патничко моторно возило „фиат пунто“, со тетовски ознаки, управувано од 40-годишната М. Ј. од Тетово, патничко возило „форд фокус“, исто така со тетовски ознаки, што го управувал 60-годишниот Џ. А од тетовски Порој, и трактор, со тетовски ознаки, управуван од 70-годишниот тетовец С. А., извести СВР Тетово.
„Во несреќата М. Ј. добила тешки телесни повреди констатирани во тетовската Клиничка болница, каде што била пренесена за укажување лекарска помош“, соопшти СВР Тетово.
Увид извршила екипа од СВР Тетово.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Претреси во Битола, пронајдена дрога: уапсена 18-годишна девојка и 40-годишен маж
Ноќеска во 02:00 часот на улицата „Партизанска” во Битола, полициски службеници од СВР Битола ја лишија од слобода 18-годишната М.Р. од Битола затоа што кај неа е пронајдена прашкаста материја.
Подоцна, со наредба на Основен суд Битола, извршен е и претрес во нејзиниот дом, при што е пронајдена и одземена марихуана.
Исто така ноќеска, во 01:05 часот на улицата „Илинденска” во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишија од слобода 40-годишниот О.Н. од Битола.
При претрес во неговиот дом, истиот извршен со наредба на Основен суд Битола, пронајдени и одземени се грутчеста и прашкаста материја, метални предмети со остатоци од прашкаста и растителна материја, дигитални ваги и други предмети со остатоци од дрога.
По целосно документирање на случаите, против двајцата ќе бидата поднесени соодветни пријави.
Црна хроника
Мајка од Велес ги оставила петте малолетни деца сами и заминала за Скопје
Полициски службеници од полициската станица „Ѓорче Петров“ синоќа во 2:05 часот по полноќ лишиле од слобода 36-годишна велешанка. Претходно во СВР Велес било пријавено дека таа во домот ги оставила нејзините пет малолетни деца и заминала во Скопје.
Како што денеска информираат од СВР Велес, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Приведен 21-годишен охриѓанец, нападнал полицаец
Вчера во 00:10 часот, во угостителски објект лоциран на улицата „Св. Климент Охридски“ во Охрид, приведен е лице на (21) од Охрид, кој претходно бил агресивен кон полициските службеници кои преземале службени дејствија.
По целосно документирање на настанот, против него, ќе биде поднесена соодветна пријава.

