Црна хроника
Во судир меѓу „ауди“ и мотоцикл, тешко повреден скопјанец
Вчера попладне во 14.55 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од булевар „Јане Сандански“ и улицата „Владимир Комаров“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „ауди“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од 54-годишниот Т.К. од Прилеп и мотоцикл „пиаџо“ со скопски регистарски ознаки, управуван од 58-годишниот Д.К. од Скопје, извести МВР.
– Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, велат од МВР.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Почина кумановец, паднал и со главата удрил во земјената површина пред стадионот на ФК „Башкими“
Вчера во 19.50 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје починал М.Д.(47) од Куманово.
Имено, на 22.09.2024 пред стадионот на ФК „Башкими“ на ул.„Братство Единство“ во Куманово, М.Д. паднал и со главата удрил во земјената површина, по што неговиот брат и полициски службеници го пренеле во болницата во Куманово за укажување помош.
Откако му била укажана помош, М.Д. бил приведен затоа што за него имало судска наредба за приведување, по што бил препратен во Комплексот клиники во Скопје.
По наредба на јавен обвинител од ОЈО Куманово, телото на починатиот било дадено на обдукција.
Црна хроника
86-годишен пешак прегазен во Тетовско
Вчера во 15.40 часот во СВР Тетово било пријавено дека на регионален пат Тетово – Јажинце, во с.Порој, патничко возило „фолксваген туарег“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Б.С.(35) од с.Џепчиште, удрило во пешакот А.С.(86) од с.Порој.
Во несреќата, со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Клиничка болница Тетово. Увид на местото извршила екипа од СВР Тетово.
Црна хроника
Се судриле мотоцикл и автомобил, мотоциклистот со тешки повреди пренесен на клиника
Вчера околу 18.50 часот во СВР Тетово било пријавено дека на булевар „Илинденска“ во Тетово се случила сообраќајна несреќа помеѓу мотоцикл „пиаџо“ со тетовски регистарски ознаки, управуван од В.Р.(44) од с.Мала Речица, тетовско и патничко возило „фолксваген голф“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Р.И.(50) од с.Милетино, тетовско.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мотоциклот, констатирани во Клиничка болница Тетово.
Увид на местото извршила екипа од СВР Тетово.