Топ
Во тепачка избоден кумановец, еден уапсен
Денеска во 03.30 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода 32-годишниот В.Ј. од Куманово, извести МВР.
„Тој се сомничи дека околу 03.00 во дворот од неговиот дом на улица „Народна револуција“ во Куманово, по претходна расправија и физичка пресметка, со остар предмет му нанел убодна рана на С.М.(35) од Куманово. С.М. бил пренесен во болницата во Куманово за укажување лекарска помош“, соопшти МВР.
В.Ј. бил задржан во полициска станица и против него е поднесена кривична пријава по член 123 во врска со член 19 од КЗ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Топ
Петарда експлодира во раката на осумгодишно дете од Врапчиште, заврши на Клиника
Осумгодишно дете од селото Врапчиште, гостиварско, се здобило со сериозни повреди на раката кога му експлодирала петарда.
Настанот бил пријавен на 29 декември 2025 година во 15:10 часот во ОВР Гостивар, од страна на Ургентниот центар во Гостивар, каде што малолетникот бил донесен со повреди.
По излегувањето на полициски службеници на терен, било утврдено дека станува збор за осумгодишно дете кое се повредило кога петарда експлодирала во неговата рака. По укажаната медицинска помош во Гостивар, поради сериозноста на повредите, детето било пренесено на понатамошно лекување во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Македонија
Електродистрибуција со засилено отчитување за празниците
Во насока на обезбедување на поголемо отчитување во најоптоварениот период од годината и задоволување на потребите на корисниците, Електродистрибуција ќе реализира засилени активности за отчитување на мерните уреди во првата недела од јануари 2026 година.
Во наведениот период, дополнително, дел од активностите за отчитување ќе се реализираат прекувремено, како и за време на викендите и празничните денови.
„Во реализација на овие активности ќе се применува целосниот процес на отчитување, кој вклучува обработка, валидација и безбеден пренос на податоците во системите на компанијата, со што се обезбедува навремено и точно фактурирање на потрошувачката на електрична енергија за секој поединечен корисник“, велат од Електродистрибуција.
Македонија
Вонредни контроли во рестораните, месарниците и рибарниците: уништени 624 килограми небезбедна храна
Во пресрет на новогодишните и божиќните празници, инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), со цел обезбедување на висок степен на заштита на здравјето на потрошувачите, покрај редовните, спроведува и засилени, вонредни контроли кај сите оператори со храна.
Акцент со контролите во овој временски период ставен беше на операторите организираат предновогодишни и новогодишни прослави и во месарници, месарници со работилница, рибарници и други специјализирани продавници за храна од животинско потекло, каде периодов има зголемена побарувачка и потрошувачка на храна.
„На територијатата на цела држава спроведени се вкупно 423 надзори во гостилници и ресторани и 228 вонредни контроли кај оператори со храна од животинско потекло. Генералните неусогласености утврдени со контролите се однесуваат на неспроведени задолжителни здравствени прегледи на вработените лица, неусогласености во однос на хигиенските и микробиолошките барања за безбедност на храна и вода, нерегистрирани правни лица како оператори со храна во АХВ. Кај неколку оператори најдена е небезбедна храна и храна со поминат рок, утврдено е несоодветно складирање и селектирање на храна, нередовно ажурирање на записите за Добра хигиенска, Добра производствена пракса и HACCP, неспроведена дезинфекција, дезинсекција и дератизација во објектите, како и неземени мостри од храна за лабораториско терстирање, производи без декларации и со нецелосни и нејасни декларации и други помали недоследности, за што се издадени соодветни решенија“, соопшти АХВ.
Со спроведените контроли и утврдените недоследности изречени се 60 парични казни во вредност од над 33 илјади евра во денарска противвредност за операторите и одговорните лица во нив. Изречени се и соодветни опомени и издадни решенија со наредби за отстранување на утврдените недоследности.
Како небезбедни, уништени се над 624 килограми небезбедна храна, од кои 567 килограми производи од месо.
„Како одговорна институција, апелираме до граѓаните во пресрет на новогодишните празници, храна да купуваат храна од одобрени и регистрирани објекти кои ги имаат имплементирано системите за безбедност на храната, да внимаваат на означувањето на производите како и на тоа каде тие се чуваат. Во домаќинствата важно е да се внимава на хигиената, подготовката на храната и нејзино чување на соодветна температура“, велат од АХВ.
фото/депозитфотос

