Црна хроника
Во Хамбург приведен македонски државјанин баран со потерница, осуден на 17 години затвор

Во Хамбург полициски службеници од Единицата за потраги по лица во Хамбург, Германија, во координација со Секторот за меѓународна полициска соработка при МВР го лишија од слобода македонскиот државјанин К.Д., кој се барал со потерници за издржување на вкупна затворска казна од 17 години.
Тој е осуден за повеќе кривични дела, меѓу кои разбојништво, поголем број тешки кражби, измами и фалсификување документи и ќе биде спроведен за издржување на затворската казна.
Оваа акција е резултат од успешната соработка на МВР со германската полиција.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Приведени дрвокрадци во неготинско

Вчера полициски службеници од ОВР Неготино ги лишиле од слобода Н.Н.(21), Ф.М.(21) и С.А.(25), сите од село Криволак, неготинско.
Тие биле забележани како на воениот полигон Криволак со моторна пила сечеле дрва.
Притоа, Ф.М. и С.А. побегнале, а Н.Н. бил фатен и од него биле одземени дрвата и моторна пила, по што бил приведен во полициска станица.
Набргу, по преземени мерки, биле пронајдени и приведени Ф.М. и С.А. За настанот бил известен јавен обвинител и по негово целосно документирање ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Приведен крадец, украл пари од приватен имот

На 08.03.2025 во 14.00 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода А.З.(45) од Куманово затоа што од приватен имот на улица „Лесковачка“ одзел пари.
Тој, според полицијата, бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.
Топ
Две лица од Ресен и Штип загинаа во сообраќајни несреќи вчера во Македонија

Две лица го загубија животот во одделни сообраќајни незгоди во текот на вчерашниот ден.
Првата се случи на магистралниот пат Битола-Ресен, кај местото викано „Голема кривина Макази.
Се судриле три возила, а Г.А. (47) од Ресен загинал на лице место. Повредени се двајца луѓе.
Втората несреќа се случила синоќа околу полноќ, кога животот го загубило 34-годишно лице од Штип (М.Т.), кое било сопатник. Автомобилот во кој се наоѓал излетал од патот Штип-Карбинци, а возачот се здобил со тешки повреди.
Телата на починатите се на обдукција, а надлежните извршија увид.
(Фото: илустрација)