Црна хроника
Вработената во Обвинителството на сопругот на „Вибер“ му ги праќала тајните документи
Вработената во гевгелиското Обвинителство на „Вибер“ му ги праќала тајните документи на својот сопруг, инаку адвокат, а кои се однесувале на предмети по што постапувале нејзините колеги обвинители. Обвинителството информира дека припадници на отсекот за економски криминалитет во Гевгелија на 23 мај извршиле претрес во службените простории на гевгелиското Обвинителство, при што од канцеларијата на осомничената беше одземен нејзиниот службен компјутер.
Била извршена форензичка анализа на одземениот компјутер. Извештајот од извршеното вештачење ги потврдил сомневањата дека вработената користејќи „Вибер“, на адвокатот неовластено му испраќала службени документи и податоци што претставуваат службена тајна. Со оглед на тоа што се работи за постапка против лице вработено во Основното јавно обвинителство Гевгелија, ова Обвинителство, по комплетирање на предметот, достави барање за преземање на надлежноста до Вишото јавно обвинителство Скопје, кое треба предметот да го распореди на натамошно постапување во друго обвинителство.
Инаку, Основното јавно обвинителство Гевгелија иницира постапка против вработена во казнено-правното одделение на гевгелиското Обвинителство како помлад јавнообвинителски соработник за казнено право поради одавање службена тајна. Во периодот од средината на 2017 година до 23.5.2018 година во повеќе наврати од Основното јавно обвинителство Гевгелија на својот сопруг адвокат му испраќала службени документи, а со цел противправно прибавување имотна корист, како и нарушување на честа и угледот на институцијата во која работела. Пријавената ова го правела без дозвола и без знаење на обвинителите што работат во Основното јавно обвинителство Гевгелија.
„Осомничената на адвокатот, инаку нејзин сопруг, му испраќала кривични пријави, службени белешки и други документи изработени од организациони единици на Министерството за внатрешни работи, записници, спогодби и други документи изработени од Основното јавно обвинителство во Гевгелија, службени документи издадени од Основниот суд во Гевгелија, кои преставуваат службена тајна, како и документи од други јавни установи, кои директно или индиректно биле поврзани со предметите за кои овој адвокат се јавувал како ополномоштен бранител“, информира Обвинителството.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Тешко повредена струмичанка во сообраќајна несреќа на патот Валандово – Струмица
Денеска, околу 00.25 часот во Полициската станица Валандово било пријавено дека на регионален пат Валандово – Струмица, на место викано „Валандовско брдо“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „голф“ со велешки регистарски ознаки, управувано од 31-годишниот К.Т. од Гевгелија и патничко возило „пежо“ со струмички регистарски ознаки, управувано од 30-годишната С.Д. од Струмица, соопшти МВР.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила С.Д., а со телесни повреди се здобил К.Т., констатирани во Медицински центар Гевгелија, додаваат од МВР.
Увид на местото извршила екипа на Полициската станица Валандово.
Црна хроника
Тројца скопјани искасани од кучиња скитници
Тројца скопјани пријавиле каснување од куче скитник во полициските станици во текот на вчерашниот ден.
На 25.04.2024 во 19.20 часот во Полициската станица Центар, Л.Ш.(42) од Скопје пријавила дека на ул.„Вардарска“ во Скопје била касната од куче скитник.
На 25.04.2024 во 12.00 во Полициското одделение Мирковци, Р.Г.(38) од Скопје пријавил дека во близина на обиколницата Скопје, бил каснат од куче скитник.
На 25.04.2024 во 14.10 часот во Полициската станица Карпош, К.С.(46) од Скопје пријавил дека на ул.„Милан Марковиќ“ во Скопје бил каснат од куче скитник.
Црна хроника
На граничниот премин Долно Блаце уапсен маж од Косово
Вчера во 17.20 часот на Граничниот премин Долно Блаце, на влез во државата, полициски службеници го лишиле од слобода 24-годишниот В.И. од Косово, затоа што при извршена пасошка контрола и проверка во оперативна евиденција констатирано било дека евидирал со мерка „апси“ по барање на Интерпол Шведска, извести МВР.
Тој бил предаден на полициски службеници од Полициската станица Кисела Вода за понатамошна постапка.