Топ
Вработени во агенција за обезбедување осомничени дека вршеле рекет со мачета
Скопското Основно јавно обвинителство донесе наредба за спроведување истражна постапка против две лица за кои постои сомнение дека сториле кривично дело изнуда.
Како што информираат од Обвинителството, со употреба на сила и сериозна закана со мачета, а на особено насилен начин, тие присилиле едно оштетено лице да им даде парични средства во износ од 360.000 денари.
Оштетениот во текот на летото 2021 година од осомничените позајмил 55.000 денари, кои според устен договор требало да ги враќа со камата од 28.000 денари за секои 20 дена и за секој дополнителен ден доцнење уште по 1.000 денари.
Врз основа на овој договор, во периодот од јануари до 9 мај годинава, оштетениот на осомничените им исплаќал парични износи од 120.000, 180.000 и 60.000 денари.
Во целиот тој период осомничените, инаку вработени во агенција за обезбедување, телефонски му се заканувале дека ќе го убијат ако не ги врати парите. Во неколку наврати доаѓале и во неговиот дом заканувајќи му се нему и на татко му.
На 25 мај го повикале оштетениот пред маркет на улицата Македонско-косовска бригада и го однеле во мала уличка, при што го удирале барајќи им веднаш да им ги врати парите. На 26 мај, пак, го повикале во катна гаража во Карпош, каде што работеле како обезбедување, па му побарале да им даде уште 300.000 денари. Кога оштетениот кажал дека нема, еден од осомничените извадил мачета заканувајќи му се на оштетениот дека ќе му ги исече прстите и ќе го убие ако до крајот на денот не ги исплати парите.
Го ставиле оштетениот во автомобил и заедно со него се упатиле кон Чаир, но биле пресретнати од полициски службеници.
Надлежниот јавен обвинител оценил дека постои опасност осомничените да се дадат во бегство, да влијаат врз сведоците и врз оштетениот или да го повторат делото, па до судија на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје доставил предлог за мерка притвор.
*Фотографијата е илустрација, а не од конкретниот настан
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Маж е застрелан откако се обидел нелегално да влезе во имотот на Трамп во Флорида
Mаж е убиен откако се обидел нелегално да влезе во имотот на Трамп во Флорида, објави Скај њуз.
Како што објавија разузнавачките служби, мажот на околу 20-годишна возраст бил застрелан околу 1:30 часот наутро.
Идентитетот на осомничениот сè уште е непознат, а обезбедувањето го забележало човекот на северната порта од имотот.
Носел оружје кое личело на пушка и канта со гориво.
Ниеден агент не е повреден.
Во тек се истраги за идентитетот на човекот и неговиот мотив за делото.
Иако Трамп често го поминува викендот на својот имот, во моментот на инцидентот тој бил во Белата куќа, во Вашингтон, а со него била и сопругата Меланија Трамп.
Свет
Гласањето за трговскиот договор ЕУ–САД може да се одложи поради хаосот со тарифите
Претседателот на Комитетот за меѓународна трговија на Европскиот парламент, Бернд Ланге, предложи одложување на гласањето за трговскиот договор меѓу ЕУ и САД, кое беше планирано за следната недела. Тој истакна дека условите и правната основа на договорот се променети поради неодамнешните американски тарифни мерки.
Ланге оцени дека американската администрација создала „тарифен хаос“ со привремените тарифи на претседателот Доналд Трамп, кои првично беа 10%, а потоа беа зголемени на 15%.
Од партијата Зелени во ЕУ исто така побараа пауза во гласањето додека не се разјаснат сите детали.
Договорот, кој беше постигнат минатото лето, предвидува ЕУ да ги укине царините на многу американски производи, додека САД би вовеле тарифа од 15% на поголемиот дел од европскиот извоз. Намалените царини од ЕУ треба да бидат одобрени од владите на земјите-членки и од Европскиот парламент.
Европскиот парламент минатиот месец привремено ја стопираше работата на договорот поради барањето на Трамп за припојување на Гренланд и заканите со царини кон европските сојузници, но подоцна беше одлучено дека договорот ќе биде ставен на гласање крајот на февруари.
Свет
Унгарија: ЕУ сака утре да го усвои 20-тиот пакет санкции кон Русија, ние ќе го блокираме
Унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто, преку две објави на X повторно ја засили реториката кон Украина поради транзитот на нафта до Унгарија и Словачка преку нафтоводот „Дружба“, заканувајќи се дека Будимпешта ќе блокира одлуки на ЕУ важни за Киев.
Неговите изјави следуваат откако украинското Министерство за надворешни работи го отфрли притисокот од Будимпешта и Братислава, велејќи дека уценувањето со енергетските извори во услови на руски напади врз инфраструктурата му оди во прилог на агресорот.
„Решението е едноставно“
Во првата објава, Сијарто порача дека решението е „едноставно“ – Украина да ги обнови испораките.
„Едноставно е и лесно. Наместо да се мешате во нашите избори, рестартирајте ги испораките на нафта кон Унгарија и Словачка. И едните и другите знаеме дека нема технички пречки“, напиша тој.
Во втората објава најави дека Унгарија ќе го блокира усвојувањето на 20-тиот пакет санкции против Русија на Советот за надворешни работи на ЕУ.
„Додека Украина не го обнови транзитот на нафта преку ‘Дружба’, нема да дозволиме носење одлуки важни за Киев“, истакна Сијарто.
Украина: Не прифаќаме ултиматуми
Од украинска страна порачаа дека не прифаќаат ултиматуми и дека работат на стабилизирање на енергетскиот систем под постојани руски напади.
Киев соопшти и дека предложил алтернативни начини за снабдување со неруска нафта за Унгарија и Словачка.

