Црна хроника
Вработен во Архивот признал грешка, ненамерно додал три нули за набавка на кетеринг
Одговорното лице за јавни набавки во Државниот архив направило грешка поради која на Бирото за јавни набавки излезе оглас во кој за близу 5 милиони евра Архивот бара служба за кетеринг-услуги.
Директорот на Државниот архив, Емил Крстески, извести дека против одговорното лице е поведена дисциплинска постапка.
„По опсежните разговори со вработените во финансискиот сектор на Државниот архив е утврдено дека лицето одговорно за јавни набавки направило наводно ненамерна грешка додавајќи на сумата за кетеринг предвидена за цела 2020 година уште 3 нули. Со тоа сумата од 300.000 која е предвидена за кетеринг на изложби, промоции и гости од странство, кои и не мора да бидат потрошени, станале 300.000.000 (триста милиони). Тој и самиот го призна тоа и против него веднаш е поведена дисциплинска постапка за несовесно работење“, објасни директорот Крстески.
Вкупниот буџет на Државниот архив е околу 2,5 милиони евра, па невозможно е институцијата за кетеринг да има 6 милиони евра, нагласуваат од Архивот и апелираат граѓаните критички да ги примаат информациите на јавните мрежи, бидејќи веста за 6 милиони евра за кетеринг е нелогична.
Огласот на кој Државниот архив бара кетеринг услуги е повлечен од Бирото за јавни набавки.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Топ
Со нож усмртил жена и телото го закопал во дворот – расчистено свирепо убиство во Штип, поднесена е кривична пријава против едно лице
СВР Штип во соработка со Одделот за криминалистичка полиција при БЈБ поднесе кривична пријава против Д.А (74) од Штип поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „убиство” по член 123 и “противправно лишување од слобода” по член 140 од Кривичниот законик.
Toj се сомничи дека во домот во кој живее во Штип без нејзина волја ја држел Б.Н.(79) од Штип, а потоа со остар предмет и нанел убодни рани од кои починала, по што телото го закопал во дворот.
Имено, на 24.10.2025 во СВР Штип, Д.О.(84) од Штип пријавила дека од домот се оддалечила нејзината сестра Б.Н. По преземени мерки, а поради сомнение дека противправно ja држел во неговиот дом, на 10.11.2025 со судска наредба бил извршен претрес во неговиот дом и биле пронајдени и одземени повеќе предмети и траги од крв. По претресот, тој бил лишен од слобода и му била изречена мерка притвор во траење од 96 часа и бил спроведен во Казнено-поправната установа Затвор Куманово.
По дополнително преземени мерки и добиено вештачење на одземените траги и предмети, во СВР Штип повторно е извршен разговор со Д.А. во кој тој детално го појаснил начинот на кој го извршил убиството.
Телото е пронајдено и по наредба на јавен обвинител било дадено на обдукција, а Д.А. бил изведен пред судија на претходна постапка, кој му определи мерка притвор во траење од 30 дена, стои во соопштението на МВР.
Црна хроника
Обвинение за ширење омраза и дискриминација
По спроведена претходна постапка и обезбедени докази, Основното јавно обвинителство Кавадарци поднесе обвинителен предлог против едно лице за кривично дело – Ширење расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем од член 394-г став 1 од Кривичниот законик.
Обвинетиот 67-годишен жител на Неготино, на 20 октомври на профил и страница на социјална мрежа споделувал видео снимка со која поттикнал омраза и дискриминација против лица врз основа на нивната етничка припадност. Во снимката користел повеќе навредливи зборови кон припадниците на ромската националност и повикувал да им се забрани да гласаат на избори, информираат од обвинителството.
Црна хроника
Група од шест лица физички нападнале 15-годишник во Аеродром
Вчера во СВР Скопје, М.Ј.(49) од Скопје пријавила дека претходниот ден околу 22:15 часот на подрачјето на општина Аеродром, нејзиниот 15-годишен син бил пресретнат од шест лица на возраст од 17 до 20 години.
Едниот од нив му се заканил и му побарал пари, но откако не нашол пари кај детето, физички го нападнал.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

