Црна хроника
Вработен во погребално во Бутел пронашол граната додека копал гроб

Вработен во погребален сервис Бутел вчера во полицијата пријавил дека на гробиштата од црквата Св.Никола во селото Мирковци, додека копал за гробно место, пронашол граната.
Од полицијата информираат дека гранатата била со должина од околу 30 сантиметри.
Увид бил извршен, а гранатата била подигната од пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување за понатамошна постапка.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Лице во Арачиново со пиштол им се заканувалo на вработени во ЕВН

Вчера во 11.10 часот од Полициското одделение Арачиново било пријавено дека едно лице со пиштол му се заканувало на С.Ц.(55) од Скопје и уште тројца негови колеги, сите вработени во ЕВН Македонија, додека извршувале работни задачи.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Загина работник во Кисела Вода

Вчера во 09.12 часот во СВР Скопје, од Ургентен центар при Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје било пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен С.С.(55) од с.Черкези, кумановско, кој подоцна починал.
Според пријавеното, при извршување градежни работи, тој паднал од објект во изградба на подрачјето на Кисела Вода.
Увид бил извршен и се работи на расчистување на случајот.
Црна хроника
Починал затвореник во затворот Идризово

Вчера во 16.20 часот во СВР Скопје, по пријава од КПУ Затвор Идризово било пријавено дека починал 44-годишниот Џ.Х од Кичево.
Како што информираат од МВР лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.