Црна хроника
Вработен на билетарницата во Самоилова тврдина крадел пари од прометот
 
																								
												
												
											Вработен на билетарницата во локалитетот Самоилова тврдина во Охрид крадел пари од прометот направен од продажба на билети.
Според информациите на МВР, полицијата поднесе кривична пријава против Д.С.(36) од Охрид, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело проневера во службата.
„Во период од 7.2.2019 до 31.12.2019 во својство на службено лице – продавач на билети во локалитетот Самоилова тврдина пријавениот дел од прометот не го прикажал во сметководство и финансии, така што при извршен попис на 31.12.2019, комисиски бил констатиран кусок од продажба на штета на НУ Завод за заштита на споменици на културата и Музеј-Охрид“, соопшти МВР.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
 
																	
																															Црна хроника
Уапсен дилер во Ѓорче Петров, пронајдена дрога
 
														Вчера околу 14:40 часот во Скопје, на територија на Ѓорче Петров, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишија од слобода 26-годишниот Б.Б. од Скопје.
Пред куќа во Ѓорче Петров, Б.Б., кој бил со патничко возило „фиат“, фрлил фолија во која имало бела грутчеста материја, по што заминал со возилото, но бил сопрен од страна на полициските службеници и лишен од слобода.
По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Црна хроника
Расчистени кривични дела „разбојништво“ и „насилство“ извршени од малолетници во реонот на Бит Пазар
 
														Вчера во Скопје, во Полициската станица Бит Пазар извршен е службен разговор со тројца малолетници, во присуство на нивните родители, поради основи на сомнение дека на 30.06.2025 извршиле кривично дело „разбојништво“ по член 237 од КЗ врз малолетник од Скопје.
Извршено е и препознавање од страна на оштетениот и по целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.
Исто така, од страна на полициски службеници од ОКР Центар-Бит Пазар од слобода е лишен малолетник од Скопје поради тоа што изршил кривично дело „насилство“ на 22.10.2025 врз друг малолетник.
Извршено е и препознавање од страна на оштетениот и по целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.
Црна хроника
Уапсен скопјанец, при преглед во возилото пронајдена муниција
 
														Вчера околу 20:35 часот полициски службеници од СВР Скопје, по претходно добиени оперативни информации, сопреле возило „рено меган“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 37-годишниот Р.А. од Скопје.
При извршен преглед во возилото пронајдени се 100 куршуми.
Р.А. е лишен од слобода и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.


 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											