Црна хроника
Вчера 13 сообраќајки во Скопје, едно лице почина
Во текот на изминатиoт ден на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје се случиле 13 сообраќајни незгоди од кои една со починато лице, две со тешки телесни повреди, пет со телесни повреди и пет со материјална штета.
„При сообраќајните незгоди едно лице починало, две се здобиле со тешки телесни повреди и пет со лесни телесни повреди. 57 возачи се санкционирани бидејќи се движеле со поголема брзина од дозволената. Исто така, исклучени се и 21 возач бидејќи тројца биле возачи почетници и 14 го управувале возилото пред да се стекнат со право за управување на моторно возило. 15 возила се исклучени од сообраќај бидејќи биле нерегистрирани. Еден возач е санкционирани бидејќи поминал крстосница на црвено светло и 30 бидејќи не користеле заштитен шлем“, соопшти МВР во дневниот билтен.
Во однос на пешаците, санкционирани се тројца пешаци кои поминале коловоз надвор од пешачки премин. Во текот на изминатиот ден издадени се 55 мандатни платни налози, додека исто така 70 возила се подигнати со „пајак”.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Петгодишно дете исчезна во Сарај, МВР го најде по два часа
Петгодишно девојче исчезнало денес околу 16.20 часот во паркот Сарај.
Како што објави МВР, веднаш презеле мерки, па околу 18.15 часот детето било пронјадено.
Претходно, од полицијата информираа дека се трага по девојче со руса долга коса, облечено во розово фустанче и розови чевли
Црна хроника
Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје
Вчера во СВР Скопје било пријавено дека кај Клиника за психијатрија при Комплексот клиники „Мајка Тереза“, при изведување на градежни работи – вршење на ископ, била пронајдена коска, најверојатно човечка, на место каде порано имало гробишта.
Излезено било на местото на настанот од полициски службеници од СВР Скопје и известен бил јавен обвинител.
Црна хроника
Во куќарка на паркинг во Центар пронајдено починато лице
Во 06.10 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Центар, во куќарка на паркинг, додека бил на неговото работно место, бил пронајден починат Д.С.(63) од Скопје.
Од страна на лекар од Итна медицинска помош констатирана била смрт без видливи траги на насилство.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено за обдукција.