Црна хроника
Глоба од 2.000 евра за две лица што го прекршиле полицискиот час
Парични казни за две лица од Скопје кои го прекршиле полицискиот час, информираат надлежните.
Скопското јавно обвинителство поднесе предлог за издавање казнен налог против две лица за кривично дело- непостапување според здравствените прописи за време на епидемија казниво по Кривичниот законик.
Обвинетите на 6 април, за време на важечки полициски час, без да поседуваат дозвола се движеле пеш по улицата „Беласица“ во Скопје. Со тоа тие ги прекршиле прописите со кои се определуваат мерки за заштита од заразната болест Ковид-19.
Јавниот обвинител на Основниот кривичен суд Скопје му предложи за двете лица да определи парични казни од по 100 дневни глоби со поединечна вредност на дневната глоба од 20 евра во денарска противвредност.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Го претепал и го избркал од дома малолетниот син: кривична пријава за кумановец
СВР Куманово поднесе кривична пријава против Ч.С.(49) од Куманово.
Според полицијата тој се сомничи за сторено кривично дело „запуштање и малтретирање на дете“.
Имено на 29.12.2025 во Куманово, пријавениот физички го нападнал неговиот малолетен син и го избркал од дома.
Црна хроника
Крадел во продавница, па ја нападнал вработената која се обидела да го спречи
Синоќа во 21:00 часот во Скопје, на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од ЕВР Гази Баба при СВР Скопје го лишија од слобода З.К.(37) од струшко, со привремен престој во Скопје.
Тој околу 18:00 часот во продажен објект во Скопје, откако одзел производи, физички ја нападнал вработената која се обидела да го спречи.
Полицијата соопшти дека по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Разбојништво на автобуска постојка: ограбена скопјанка
Денеска (29.01.2026) во 08:30 часот во СВР Скопје, З.Р.(65) од Скопје пријави дека околу 07:10 часот на автобуска постојка на подрачјето на Центар, едно лице со употреба на физичка сила и одзело личен накит. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

