Црна хроника
Глоба од 2.000 евра за скопјанец кој го прекршил полицискиот час
Поради прекршување на полицискиот час скопјанец казнет со 2.000 евра, информира Министерството за внатрешни работи.
Од таму појаснуваат дека скопското обвинителство поднело предлог за издавање казнен налог против едно лице заради кривично дело непостапување според здравствените прописи за време на епидемија казниво по Кривичниот законик.
Обвинетиот 22-годишник постапил спротивно на прописите со кои се определени мерки за спречување на ширењето на заразна болест.
Тој на 11 април, за време на важечкиот полициски час, бил затекнат како се движи по улицата „Аугуст Цезарец“ во Скопје без да поседува дозвола за тоа.
Јавниот обвинител му предложи на Судот за обвинетиот да определи парична казна од 100 дневни глоби со поединечна вредност на дневната глоба од 20 евра во денарска противвредност.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Стружанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка
Полицијата во Тетово поднесе кривична пријава против А.А.(41) од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на лични податоци“ и „производство и дистрибуција на детска порнографија“.
Пријавениот, на социјална мрежа, објавил фотографии и видео снимки со експлицитна содржина од женско лице, кое во тоа време било малолетно.
Црна хроника
Жена од Гевгелија измамила Грк дека е од Царина и му зела 2.000 евра
Полицијата поднесе кривична пријава против М.Ј.(46) од Гевгелија, поради измама.
„Пријавената, на 13 септември на царинскиот терминал на Граничниот премин „Богородица“, го довела во заблуда грчкиот државјанин К.Г.К., на начин што лажно се претставила дека е застапник во царински постапки и лажно му прикажала факти дека сторил тежок царински прекршок, поради што ќе биде задржан на македонско-грчката граница од страна на царинските власти и му побарала 2.000 евра, за да му помогне, на што се согласил“, објави МВР во дневниот билтен.
Црна хроника
Демолиран изборен штаб во Конче
Г.Г.(45) од село Дедино, општина Конче, пријавил во полицијата дека ноќта помеѓу 24 и 25.04.2024 во времето од 22.00 до 06.00 часот било скршено стакло на објект во село Дедино, кој се користел како штаб на кандидат за претседател на државата.
Увид на местото извршила екипа на ОВР Радовиш и се преземаат мерки за расчистување на случајот.