Црна хроника
Глоби за седум турски државјани: биле затекнати при извршување градежни работни, без потребните документи

Вчера, полициски службеници од Одделението за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија Скопје при Регионалниот центар за гранични работи „Север“, во содејство со инспектори од Државниот инспекторат за труд, извршиле контрола на градежен објект на подрачјето на Аеродром, Скопје.
При контролата биле затекнати седум турски државјани како извршуваат градежни работни активности, без регулиран привремен престој за странец по основ на вработување и без соодветна дозвола издадена од Агенцијата за вработување.
По доставеното барање за поведување прекршочна постапка против сите седум лица по член 217 став 1 и став 2 од Законот за странците, Основниот суд Скопје им изрече глоби од 250 евра и им издаде решенија за враќање странец.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Нападнат ученик од основно училиште во Свети Николе

Полицијата поднесе известување против малолетник од Свети Николе поради постоење насилство врз дете.
Како што соопшти МВР, на 4 јуни во основно училиште во светиниколско село, пријавениот физички нападнал ученик од истото училиште и му нанел телесни повреди.
Црна хроника
Женa во Кисела Вода чистела стара куќа и нашла лименки со натпис „топовски удар“, имало и фитили

Во Скопје, на подрачјето на Кисела Вода, 65-годишна жена при чистење на напуштена куќа што припаѓа на нејзините родители пронашла две лименки завиткани со селотејп. На лименките имало натпис „топовски удар“ и биле поставени фитили.
Жената случајот го пријавила во полицијата на 15 октомври. По пријавата, на местото излегле полициски службеници кои ги подигнале предметите за понатамошна постапка.
Според МВР, се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Пензионер од Струмица пукал со воздушна пушка кон бензинска пумпа

Полицијата од Струмица поднесе кривична пријава против П.Ж.(71) од овој град поради предизвикување општа опасност.
„На 12.10.2025 околу 16:00 часот, пријавениот со воздушна пушка пукал во правец на бензинска пумпа, каде што биле складирани боци со плин“, соопшти МВР во дневниот полициски билтен.