Црна хроника
Голема полициска акција на 34 локации во Скопје, приведени повеќемина за оружје и дрога

Повеќе лица се уапсени во Скопје во обемна полициска акција за откривање на оружје и дрога. Припадници на полицијата од рано изутринава извршија претреси на 34 локации во главниот град, при што се приведени повеќе лица.
Како што дознаваме, претреси биле извршени во Ѓорче Петров, Грчец, Арачиново, Чаир, Бутел, Визбегово, Бардовци, Студеничани и во Центар. Полицијата барала повеќе лица инволвирани во различни кривични дела.
При претресите биле пронајдени дрога и нелегално оружје, дознава „Макфакс“.
Акцијата започнала пред 5 часот изутринава и траела до 15 часот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Изгоре стан во Прилеп, поради вдишување чад две лица пренесени во болница

Вчера околу 13.00 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека во населба „Точила“ во Прилеп настанал пожар во стан сопственост на Т.Ј., во кој престојувала неговата неговата сестра Ц.С.(51) и неговиот зет Д.П.(40), двајцата од Скопје.
Од екипа на Територијалната противпожарна единица Прилеп пожарот бил изгаснат, а поради вдишување чад Ц.С. и сосетката С.П.(73) од Прилеп биле пренесени во болницата во Прилеп за укажување лекарска помош.
Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Прилеп.
Црна хроника
Уапсен битолчанец, ја истепал својата сопруга

Вчера во 23.45 часот, полициски службеници од ОВР Крушево го лишиле од слобода 27-годишниот Ѓ.С. од Битола, со престој во крушевско село, постапувајќи по претходна пријава дека во семејниот дом физички ја нападнал неговата сопруга.
По документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Во полиција пријавен 17-годишник од установа за згрижување деца: агресивно се однесувал, се заканувал, па искршил инвентар во службените простории

Вчера во 10.20 часот во Полициската станица Карпош, од Јавната установа за згрижување деца – Организациона единица Влае било пријавено дека нивниот штитеник 17-годишниот Р.М. го нарушил јавниот ред и мир со агресивно однесување, упатувал закани на вработено лице, оштетил дел од инвентарот во службените простории, по што се оддалечил од установата, од која и претходно се оддалечувал и бил враќан.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.