Црна хроника
Голем застој на патот од Трпејца кон Охрид
Поради тешка сообраќајна несреќа има голем застој на патот од Трпејца кон Охрид.
Неофицијално, станува збор за сообраќајка што се случила во реонот на Градиште.
Формирана е огромна колона од возила, коишто воопшто или сосема малку се движат по патот кон Охрид.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Тепачка во затворот „Идризово“: вработен бил нападнат од негов колега
Вработен во затворот „Идризово“ во полиција пријавил дека бил нападнат од негов колега.
Имено, утрово во 01.55 часот, А.Р.(26) од с.Студеничани, скопско, вработен во Казнено – поправната установа Затвор Идризово, пријавил дека на 02.06.2024 околу 19.30 часот на работното место во установата бил физички нападнат од неговиот колега Х.Х. од Скопје.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Тепачка во Скопје: неколку лица биле нападнати со тврди предмети
Вчера во 14.00 часот во СВР Скопје, Д.С.(18) од Скопје пријавил дека на 31.05.2024 околу 00.20 часот на подрачјето на Гази Баба, тој и С.Р.(19), В.П., Ѓ.Н. и Б.М.С., сите од Скопје, биле физички нападнати од неколку лица, кои употребиле тврди предмети.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопшти полицијата.
Црна хроника
Напад со нож на автобуска постојка: кривична за 18-годишник од Скопје
СВР Скопје поднесе кривична пријава против М.Ф.(18) од Скопје.
Тој се сомничи за сторено кривично дело „насилство“.
Имено на 06.03.2024 на автобуска постојка на бул.„Гоце Делчев“ во Скопје, пријавениот со нож му нанел убодни рани на А.Ј..