Црна хроника
Гостиварец нападнат од роднина, добил закани и со огнено оружје

Четириесет и шестгодишниот гостиварец К.Р., вчера во 17 часот и 45 минути во СВР Тетово пријавил дека околу 16 часот и 20 минути на улица „Никола Парапунов“ во Гостивар, бил физички нападнат од неговиот роднина, 69-годишниот Ш.Р., извести СВР Тетово.
Според пријавеното, Ш.Р. му се заканил и со огнено оружје, додаваат од СВР Тетово.
Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Претрес во Кичево, пронајдени оружје и муниција, уапсено едно лице

Вчера во 13:50 часот во Кичево, полициски службеници го уапсија В.С.(45) од Кичево. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, пронајдени и одземени се ловечка пушка „IJ-18“ и 40 ловечки патрони.
Лицето е задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Уште една измама со лажна сообраќајна несреќа, 77-годишна скопјанка измамена за 180.000 денари

Вчера во 17:45 часот во полиција, 77-годишна жена од Скопје пријавила дека била измамена од едно лице за сума од 180.000 денари.
Според пријавеното, телефонски и се јавило едно лице, кое се претставило како полициски службеник и и рекло дека наводно нејзината ќерка предизвикала сообраќајна несреќа во која прегазила дете кое починало и доколку не сака таа кривично да одговара, ќе треба да даде пари.
Како што е пријавено, таа ги оставила парите на договореното место, а откако се вратила во домот, телефонски стапила во контакт со нејзината ќерка и сфатила дека била измамена.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Приведен маж од Македонска Каменица поради семејно насилство

Полицијата синоќа го привела 51-годишниот Г.А. од Македонска Каменица.
Приводувањето следело по претходна пријава дека истиот ден, околу 18:30 часот, во семејниот дом физички ја нападнал неговата 49-годишна сопруга, соопшти МВР.
Информираат дека по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.