Црна хроника
Гостиварец осомничен за силување
Четириесет и деветгодишен гостиварец е осомничен дека физички нападнал и силувал жена. Според информациите на гостиварското Обвинителство, жената успеала да избега и повикала полиција.
Основното јавно обвинителство Гостивар отвори истрага против 49-годишен гостиварец, кој е осомничен дека на 19 декември нападнал и силувал жена.
Тој ја однел жртвата во својата куќа во Гостивар, каде што физички ја нападнал со тупаници и клоци и ја принудил на сексуален однос иако таа цело време давала отпор и се противела. Во еден момент жртвата успела да го оттурне од себе и да избега и го пријавила осомничениот во полиција.
Судот му определи притвор на осомничениот во траење од 30 дена.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Тепачка поради паркинг во Кисела Вода, уапсено едно лице
Едно лице е уапсено поради физички напад за паркинг на подрачјето на Кисела Вода.
Вчера во 18:30 часот во Скопје, на подрачјето на Кисела Вода, полициски службеници го лишија од слобода С.Р.(34) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека на 19.12.2025 околу 16:30 часот и на 22.12.2025 околу 11:30 часот, по претходно недоразбирање за паркинг простор, упатувал закани на А.Е.(40) од Скопје, а потоа и физички го нападнал.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Ја претепал сопругата: уапсен маж од Струшко
ОВР Струга поднесе кривична пријава против А.Х.(39) од струшко селo.
Тој се сомничи за сторено кривично дело „телесна повреда“.
Имено на 28.11.2025 во семејниот дом во селото, пријавениот физички ја нападнал неговата сопруга, по што бил лишен од слобода.
Црна хроника
Уапсен охриѓанец: бил агресивен и им се заканувал на членови на семејството
Вчера во 09:50 часот на улица „Вангел Николоски“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода С.К.(53) од Охрид.
Полицијата постапила по претходна пријава дека во семејниот дом тој агресивно се однесувал и се заканувал на членови на семејството.
Според МВР, по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

