Црна хроника
Гостиварец позајмил атомобил од сограѓанин, па го продал
Полицијата од Гостивар поднесе кривична пријава против 43-годишниот А.К. за измама.
Според информациите од МВР, на 29 февруари тој позајмил автомобил од А.О., но не му го вратил назад.
На почетокот на следниот месец, А.О. го нашол своето возило и дознал дека пријавениот му го продал на друго лице.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Сообраќајна незгода на патот Скопје – Тетово, сообраќајот е пренасочен
Поради сообраќајна незгода на магистралниот пат Скопје – Тетово, сообраќајот се пренасочува по стариот пат, информираат вечерва од АМСМ.
Намалена видливост поради појава на магла до 50 метри има на патните правци Ресен – Битола и Струга – Охрид.
Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно во зимски услови, по претежно суви коловози.
Црна хроника
Битолчанка во пакети со храна му испраќала марихуана на осуденик во затвор
Битолската полиција поднесе кривична пријава против 28-годишната Т.Т. од овој град поради неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги.
„Во мај 2023 година, во повеќе наврати преку посредници кои ги користела како транспорт без нивно знаење, во пакет со храна, пријавената пренесувала марихуана до осуденик во Казнено – поправната установа Затвор Битола“, информираа од МВР во дневниот билтен.
Црна хроника
Измамничка за 3.000 евра „помагала“ да се дојде до виза, МВР поднесе кривична пријава
Полицијата поднесе кривична пријава против А.А.(43) Тетово поради измама.
„Во јануари 2023, пријавената го довела во заблуда Е.О., дека ќе му помогне да добие виза за странска земја, за што добила 3.000 евра за посредништво, а потоа не можел да стапи во контакт со неа“, соопшти полицијата во дневниот билтен.