Црна хроника
Гостиварец приведен за убиство на сопственик на кичевски ресторан

Кривична пријава против 47-годишен жител на гостиварското село Ќафа поради сомнение за сторено кривично дело „убиство“, поднесе кичевската полиција до надлежното Јавно обвинителство.
Како што информираат од МВР, 47-годишникот делото го сторил на 29. декември 2018 околу 17 часот во угостителскиот објект „Гурман“, лоциран на кичевската улица „Борис Кидрич“, кога со неколку убоди со нож во пределот на градите, го убил 64-годишниот сопственик на објектот.
Гостиварецот е предаден на распит во Основното јавно обвинителство во Гостивар, а потоа ќе биде изведен пред судија на претходна постапка.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Со закана му барал 20.000 евра – тинејџер од Струга притворен поради изнуда

Охридската полиција поднесе кривична пријава против 19-годишниот Л.П. од Струга за изнуда.
Како што информира МВР, осомничениот во периодот од 4 до 12 август 2025 година преку мобилна апликација барал 20.000 евра од едно лице од Охрид, заканувајќи му се. При преземање на мерки кај него биле пронајдени обележани пари, по што бил приведен.
Одредена му е мерка притвор и е спроведен во Казнено-поправната установа Затвор Охрид.
Црна хроника
Охриѓанец силум качил 60-годишна жена во својот автомобил и ја однел дома

Полицијата синоќа го приведе 59-годишниот З.Ј. од Охрид.
Тој, според претходна пријава, со употреба на сила ставил 60-годишна жена од Охрид во своето возило „Југо“ со охридски регистарски ознаки и ја однел во неговиот дом.
По преземени мерки, жената била пронајдена во домот на З.Ј., кој веднаш бил лишен од слобода. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена пријава.
Црна хроника
Автомобил управуван од млада девојка од Албанија излета од патот кај Меџитлија, повредени четири лица

Вчера на патот Битола – Граничен премин Меџитлија, патничко возило „форд“, управувано од 21-годишната А.С. од Република Албанија, излетало надвор од коловозот.
„Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила нејзината сопатничка, Н.С.(47), додека со телесни повреди се здобиле А.С., сопатничката А.С.(44) и уште една 15-годишна малолетничка, сите од Република Албанија, констатирани во Клиничката болница Битола“, соопшти МВР.
Извршен бил увид.