Црна хроника
Гостиварец славел со пукање пред партиски штаб
44-годишно лице од Градец-Гостивар било повикано во полициска станица откако полицијата добила информации дека тој со огнено оружје славел пред партиски штаб.
Имено, вчера околу 21:30 часот во Полициската станица Гостивар бил повикан Е.Ј.(44) од гостиварски Градец, постапувајќи по пријава според која на 17.10.2021 околу 21:00 часот пукал со огнено оружје на прослава пред штаб на политичка партија во Неготино, Полошко.
Увид извршила екипа од Одделението за внатрешни работи Гостивар и на посоченото место пронајдени се и подигнати за вештачење две празни чаури, а од Е.Ј. бил одземен пиштол што го поседувал со дозвола.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Претрес во гевгелиско: пронајдена дрога и откриена импровизирана лабораторија
На 17.12.2025 во село Богородица, гевгелиско, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија ги лишија од слобода А.Д.(18) и Д.Д.(52), двајцата од село Богородица.
При претрес на нивниот дом, извршен со судска наредба, пронајдени се повеќе различни пакувања со марихуана, бела прашкаста материја, повеќе шишиња исполнети со течност, дигитални ваги, предмети со остатоци од марихуана, како и други предмети наменети за импровизирана лабораторија за одгледување на марихуана.
Лицата се задржани во Полициската станица Гевгелија и по поднесување на кривична пријава се изведени пред судија од Основен суд Гевгелија, кој им определи мерка домашен притвор.
Црна хроника
Уапсени мажи во гостиварско и Ресен, возеле под дејство на алкохол
Ноќеска во 03:30 часот на патот Тетово – Гостивар, кај наплатна станица Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишија од слобода А.Р.(62) од Тетово.
При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „опел“ со тетовски регистарски ознаки, кое го управувал и по преземени мерки е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,90 промили алкохол во крвта, по што веднаш е исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица.
Вчера во 19:04 часот на улица „Корчуланска“ во Ресен, полициски службеници од ОВР Ресен го лишија од слобода Б.М.(34) од село Велестово, охридско. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „опел“ со охридски регистарски ознаки, кое го управувал и по преземени мерки е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,76 промили алкохол во крвта, по што веднаш е исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица.
По целосно документирање на настаните, против нив ќе бидат поднесени пријави по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.
Црна хроника
Уапсен скопјанец баран со потерница за издржување казна затвор
Денеска во 16:30 часот полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје по издадена судска наредба го лишија од слобода 26-годишниот Е.Т. од Скопје во врска со сторено кривично дело “Тешка кражба” за издржување на казна затвор во времетраење од три години.
По целосно документирање на случајот лицето ќе биде предадено во казнено-поправна установа.

