Црна хроника
Гостиварец со автомобил излетал од мост и удрил во бетонски ѕид

Гостиварец со автомобил излетал од мост на автопатот Мајка Тереза и удрил во бетонски ѕид. Со тешки повреди бил пренесен во болница.
Според информаците на МВР, несреќата се случила вчера во 18 часот на мостот над локалниот пат кој ги поврзува селата Бојане и Ласкарци кога автомобил „бе-ем-ве“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од Н.И.(45) од Гостивар, излетало надвор од коловозот и удрило во бетонски ѕид од мост.
Возачот со тешки телесни повреди бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување лекарска помош. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа на СВР Скопје.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Нападнат ученик од основно училиште во Свети Николе

Полицијата поднесе известување против малолетник од Свети Николе поради постоење насилство врз дете.
Како што соопшти МВР, на 4 јуни во основно училиште во светиниколско село, пријавениот физички нападнал ученик од истото училиште и му нанел телесни повреди.
Црна хроника
Женa во Кисела Вода чистела стара куќа и нашла лименки со натпис „топовски удар“, имало и фитили

Во Скопје, на подрачјето на Кисела Вода, 65-годишна жена при чистење на напуштена куќа што припаѓа на нејзините родители пронашла две лименки завиткани со селотејп. На лименките имало натпис „топовски удар“ и биле поставени фитили.
Жената случајот го пријавила во полицијата на 15 октомври. По пријавата, на местото излегле полициски службеници кои ги подигнале предметите за понатамошна постапка.
Според МВР, се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Пензионер од Струмица пукал со воздушна пушка кон бензинска пумпа

Полицијата од Струмица поднесе кривична пријава против П.Ж.(71) од овој град поради предизвикување општа опасност.
„На 12.10.2025 околу 16:00 часот, пријавениот со воздушна пушка пукал во правец на бензинска пумпа, каде што биле складирани боци со плин“, соопшти МВР во дневниот полициски билтен.