Црна хроника
Гостиварец со автомобил удри во пешак

Вчера околу 14.45 часот во СВР Тетово било пријавено дека на улица „Димитар Влахов“ во Гостивар, патничко возило „фолксваген“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од 56-годишниот гостиварец З.В., удрило во пешакот С.С.(30) од гостиварско Речане.
Во несреќата пешакот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во гостиварската Општа болница „Ферид Мурад“.
На местото на несреќата увид извршила екипа од Одделението за внатрешни работи Гостивар.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Уапсен кумановец: заедно со двајца малолетници од „пасат“ украл пари и предмети

Вчера во 23.20 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода 32-годишниот Л.Ш. од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка кражба“ по член 236 од КЗ.
На 09.05.2025 околу 02.40 часот, на паркинг пред казино во Куманово, Л.Ш., заедно со две малолетни лица, од патничко возило „пасат“ со кумановски регистарски ознаки, одзеле пари и предмети.
По целосно расчистување и документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Уапсен 72-годишник од Битола: крадел засилувачи на интернет поставени на згради

Денеска околу 04 часот, полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Битола на улицата „Васко Карангелевски” во Битола го лишиле од слобода 72-годишниот Б.М. од Битола.
По преземени мерки, тој бил фатен на местото на настанот додека извршувал кривично дело „тешка кражба“, а осомничен е за пет кривични дела „тешка кражба“ затоа што одзел засилувачи на интернет, сопственост на „А1 Македонија“, а поставени на згради во Битола.
Лицето е лишено од слобода и по документирање на настанот ќе следува кривична пријава.
Црна хроника
Приведен криминалец баран со потерница за затворска казна од четири години

Вчера во 17.15 часот полициски службеници од ПО Групчин го привеле К.З.(64) од село Церово, тетовско, кој бил баран со потерница врз основа на судска наредба, за издржување на затворска казна од четири години, за сторени кривични дела по член 395 став 3 и член 288 став 3 во врска со став 1 од КЗ.
Лицето е спроведено во КПУ Затвор Идризово за издржување на затворската казна.