Црна хроника
Го грабнал должникот со сатар и го тероризирал за долг од 20.000 денари
56-годишен маж е осомничен дека насилно со сатар го грабнал лицето кое му должело 8.000 денари и телефон вреден 12.000 денари, информираат од ОЈО Скопје.
Осомничениот, на 8 февруари во населбата Ѓорче Петров во 01.30 часот го нападнал оштетениот со остар железен предмет, насилно влегувајќи во неговиот дом и започнувајќи со физичко насилство и закани по живот. Осомничениот го удрил оштетениот по главата, градниот кош и грбот, вршел психолошки и физички притисок и го присилил да му врати паричен долг од 8.000 денари и мобилен телефон од 12.000 денари.
Додека оштетениот бил затворен и изложен на закани за животот, тој успеал да избега по што случајот бил веднаш пријавен во полиција. Се уште, обвинителот поднел предлог до Основниот кривичен суд за определување мерка притвор за осомничениот, поради опасност од бегство и влијание врз сведоците.
Јавниот обвинител од Основното јавно обвинителство во Скопје започна истражна постапка против 5ед член 141 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Тешка кражба во барака на „Паркови и зеленило“: украдени неколку парчиња огнено оружје
Вчера околу 09:00 часот во СВР Скопје, од Јавното претпријатие „Паркови и зеленило“ во Скопје е пријавено дека во периодот од 02.01.2026 до 05.01.2026 во барака на подрачјето на Карпош, сопственост на Јавното претпријатие, со употреба на физичка сила и алат е извршена тешка кражба, при што од сефот биле одземени неколку парчиња на огнено оружје, кои биле користени од Службата за обезбедување на јавното претпријатие.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Семејно насилство во скопско: жената го истепала сопругот
Вчера полициски службеници од СВР Скопје извршиле службен разговор со двајца сопружници од скопско, постапувајќи по претходна пријава од 37-годишен маж дека на 01.01.2026 во семејниот дом во скопско, по претходна расправија, бил нападнат од неговата 33-годишна сопруга.
По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава.
Црна хроника
20-годишник од Скопје нападнат и ограбен во Аеродром
Вчера во 10:10 часот во СВР Скопје, 20-годишниот Д.Ј. од Скопје пријави дека на 01.01.2026 околу 02:00 часот на паркинг простор во близина на угостителски објект на подрачјето на општина Аеродром во Скопје, бил физички нападнат од едно лице, кое исто така му го одзело часовникот.
По целосно расчистување и документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.

