Црна хроника
Го привеле за кражба на тротинет
Полициски службеници од СВР Скопје вчера го лишиле од слобода А.Б.(31) од Скопје поради сомнение дека на 09.11.2024 во трговски центар на подрачјето на Чаир одзел електричен тротинет, сопственост на И.Ш. од Скопје.
Како што соопшти МВР, со него бил извршен службен разговор во полициска станица, при што го признал делото.
Тротинетот бил одземен и вратен на сопственикот и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Кривична пријава за жител на струшко за кражба на струја
Полицијата поднесе кривична пријава против Н.А.(55) од струшкото село Подгорци поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „кражба на електрична енергија, топлинска енергија или природен гас“.
Според информациите на МВР, на 18.09.2025, при контрола на мерни броеви било утврдено дека тој неовластено извршил премостување на мерната опрема, при што директно од мрежата преземал нерегистрирана електрична енергија.
На тој начин тој се стекнал со противправна имотна корист од 184.329 денари.
Црна хроника
Директорка на Здравствен дом Делчево незаконски продолжила со работа по пензија, го оштетила буџетот за 400.000 денари
Полицијата поднесе кривична пријава против М.Г.(70) од Делчево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“.
„Пријавената, директор на Јавна здравствена установа Здравствен дом ‘Гоце Делчев’ – Делчево, спротивно од Законот за работни односи и Уредбата со законска сила за примена на Законот за здравствена заштита за време на вонредна состојба, во периодот од 09.01.2022 до 28.04.2022, по навршување на 67 години старост продолжила со работа, за што по основ на плата и придонеси од плата се стекнала со противправна имотна корист во износ од 401.776 денари и го оштетила буџетот на Јавната здравствена установа“, соопшти МВР.
Црна хроника
Полицаец си пукал во рака додека го проверувал своето лично оружје
Вчера во 14:05 часот во Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Меџитлија, додека го проверувал своето лично оружје, полициски службеник случајно испукал еден куршум и се здобил со повреда на рака.
МВР информира дека се известени јавен обвинител, Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди и трудов инспектор и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

