Црна хроника
Граната од Првата светска војна пронајдена кај селото Брест
Артилериска граната од Првата светска војна била пронајдена кај селото Брест, Македонски Брод.
Според информациите од полицијата, во саботата Б. М. (46) од село Косово, општина Македонски Брод, пријавил дека по патот за селото Брест пронашол артилериска граната 75 милиметри од Првата светска војна.
Од пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување од Кичево гранатата била безбедно подигната.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Топ
Ученик од шесто одделение паднал од третиот кат од прозорец во прилепско училиште
Ученик во шесто одделение се здобил со повреди при пад преку прозорец од третиот кат на училиштето „Гоце Делчев“ во Прилеп.
Ученикот е хоспитализитан на Клиниката за детска хирургија во Скопје и неговата состојба е стабилна.
Засега нема официјални информации како дошло до несреќата.
Црна хроника
Уапсен 25-годишник од Радовиш: се обидел да изврши тешка кражба во куќа
Синоќа во 22.20 часот во Радовиш, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш го лишиле од слобода Ј.Т.(25) од Радовиш поради сомнение дека околу 19.00 часот се обидел да изврши тешка кражба во куќа сопственост на Г.С.(77) од Радовиш.
Во службениот разговор Ј.Т. го признал делото.
Тој бил задржан во Полициската станица Радовиш, за настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Радовиш и по негово целосно документирање против Ј.Т. ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Bo Охрид приведен бегалец од Идризово
Денес на улицата Пере Тошев во Охрид, приведен е Б.И. (35) од селото Горно Татеши, Струга, кој бил баран со централна потерница од затворот Идризово поради бегство, информира МВР.
„Б.И. е осуден за кривично дело „тешка кражба“ на казна затвор од осум години и седум месеци, а за доиздржување има пет години, седум месеци и осум денови“, велат од полицијата.
Лицето ќе биде предадено на надлежната казнено поправна установа.