Црна хроника
Граната од Првата светска војна пронајдена на депонија во Битола

Граната од Првата светска војна била пронајдена на депонија во Битола.
Според информациите на МВР, вчера В.Ѓ.(54) вработен во ЈП „Комуналец“ – Битола пријавил дека, додека работел на депонија, пронашол артилериска граната од Првата светска војна.
Гранатата била безбедно подигната од пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување за понатамошна постапка.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Приведен крадец, украл пари од приватен имот

На 08.03.2025 во 14.00 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода А.З.(45) од Куманово затоа што од приватен имот на улица „Лесковачка“ одзел пари.
Тој, според полицијата, бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.
Топ
Две лица од Ресен и Штип загинаа во сообраќајни несреќи вчера во Македонија

Две лица го загубија животот во одделни сообраќајни незгоди во текот на вчерашниот ден.
Првата се случи на магистралниот пат Битола-Ресен, кај местото викано „Голема кривина Макази.
Се судриле три возила, а Г.А. (47) од Ресен загинал на лице место. Повредени се двајца луѓе.
Втората несреќа се случила синоќа околу полноќ, кога животот го загубило 34-годишно лице од Штип (М.Т.), кое било сопатник. Автомобилот во кој се наоѓал излетал од патот Штип-Карбинци, а возачот се здобил со тешки повреди.
Телата на починатите се на обдукција, а надлежните извршија увид.
(Фото: илустрација)
Црна хроника
Изминатиот викенд санкционирани 2.045 возачи, 637 за брзо возење

Во деновите од изминатиот празничен викенд како и во петокот (07.03.2025), сублимираните статистички бројки од преземените сообраќајни контроли во поглед на спроведувањето на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и Законот за возила на патиштата низ земјава, покажуваат дека во викендите и натаму нивото на сообраќајна култура, совесност и одговорност е под задоволителните критериуми.
И овој пат во рамки на посочените денови евидентиран е релативно поголем број издадени платни налози 2045, во која што бројка предничат прекршоците по основ на возење со брзина поголема од дозволената 637, потоа неправилно паркирање 393 прекршоци. За возењето без возачка дозвола изречени се 225 мерки како и возење под дејство на алкохол 146 санкции, информираат од МВР.
Инаку во сообраќајните контроли полициските службеници во 115 случаи издале прекршочни платни налози заради некористење сигурносен појас, 56 санкции за користење на мобилен телефон при возење, како и 35 мерки за возачи на мотоцикли поради некористење заштитна кацига, 14 санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло).
Покрај ова, а согласно Законот за возила од сообраќај биле исклучени 58 нерегистрирани возила и 12 технички неисправни возила.
Министерството за внатрешни работи најави дека продолжува со засилените мерки и активности во поглед на сообраќајната безбедност, а континуирано се реализираат и превентивни активности низ сите сектори за внатрешни работи во насока на укажувања и апелирања до сите учесници во сообраќајот за целосно почитување на сообраќајните правила и прописи.