Црна хроника
Група малолетници нападнале две лица во флиперница

Вчера во Полициска станица Тетово, Е.Ј.(37) од с.Мала Речица, тетовско , пријавил дека во флиперница во селото Мала Речица неговиот малолетен син и Б.Н., по претходна расправија, со остар предмет биле физички нападнати.
Нападот, според пријавеното, го извршиле три малолетни лица, сите од Мала Речица на возраст од 16 и 17 години, со кои претходно се познавале.
Известен е јавен обвинител, а увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Тетово.По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесен соодветен поднесок.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Топ
Истрага за тероризам: пријавил дека има бомба на летот Скопје – Анталија

Постапувајќи по кривичната пријава поднесена од МВР, обвинителството отвори истражна постапка против С.А. (26) поради основано сомневање дека сторил кривично дело Тероризам.
Осомничениот на 16 овој месец во раните утрински часови преку телефонската линија за итни случаи 192 со умисла упатил сериозна закана за подметната бомба во воздухоплов на Меѓународен аеродром Скопје, на летот Скопје – Анталија.
„По преземени мерки и активности дојдено е до сознание дека на 16.08.2025 во 02.41 часот лажно пријавил дека е поставена бомба во авион кој од Меѓународниот аеродром Скопје требаше да полета кон Република Турција, по што аеродромот беше затворен за сообраќај неколку часа, а планираните летови, исто така, беа одложени за неколку часа, односно до завршување на антитерористичките проверки. При преземањето мерки, на 20.08.2025, со судска наредба, бил извршен претрес во домот на С.А. на подрачјето на Кисела Вода, при што биле пронајдени и одземени предмети поврзани со настанот, а тој бил лишен од слобода. Во службен разговор во полициска станица тој го признал делото“, соопшти МВР.
Судот му определи притвор на осомничениот во траење од 30 дена.
Црна хроника
Заталкано зрно од огнено оружје заврши во автомобил во Чаир

Заталкано зрно од огнено оружје заврши во автомобил во станица за технички преглед во Чаир.
Според информациите на МВР, вчера околу 14:30 часот во СВР Скопје, Б.А.(49) од Скопје пријавил дека во кругот на станица за технички преглед на подрачјето на Чаир од заталкано зрно од огнено оружје било оштетено ветробранското стакло од неговото возило „цитроен“ со скопски регистарски ознаки.
Полициски службеници од СВР Скопје го подигнале зрното за понатамошна постапка.
Се работи на расчистување на случајот.
Црна хроника
Тинејџер со мопед удри во 12-годишно девојче во Кичево, со тешки повреди пренесено во болница

Тинејџер со мопед удри во 12-годишно девојче во Кичево, со тешки повреди е пренесено во болница.
Според информациите на МВР, вчера во 19:30 часот во ОВР Кичево било пријавено дека на ул.„Рудничка“ во Кичево, мопед „пежо“ со кичевски регистарски ознаки, управуван од Л.М.(18), удрил во пешак-12-годишна малолетничка, двајцата од Кичево.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила малолетничката, а со телесни повреди се здобил возачот на мопедот, констатирани во Медицински центар Кичево. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Кичево.