Црна хроника
Група малолетници нападнати во автобус во Чаир, полицијата приведе пет лица

Доцна синоќа на подрачје на Бит Пазар од полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје приведени се Л.Б.(18), Б.М.(19), В.Х.(19) и уште двајца малолетници, сите од Скопје, поради напад врз група на деца.
Родителите на нападнатите малолетници во полицијата го пријавиле настанот што се случил во автобус бр.57, во населба Чаир, Скопје на автобуска постојка физички, информираа од МВР.
По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Тинејџер од Битола му се заканувал на 34-годишник – изнудил експлицитни фотографии претставувајќи се како жена, па барал пари

Полицијата приведее 16-годишник од селото Бистрица, битолско, кој во повеќе наврати уценувал 34-годишен маж од Битола.
Му се заканувал дека доколку не му даде пари ќе објави експлицитни фотографии што ги добил од него претставувајќи се со лажен женски идентитет.
Тинејџерот е приведен во полициска станица Битола, а парите се пронајдени кај него. По документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Ограбена жена на улица среде бел ден во Центар

Крадци нападнале и ограбиле жена на улица на подрачјето на центарот на Скопје.
Според информациите на МВР, вчера во 16.30 часот во СВР Скопје, Н.Ѓ.(38) од Скопје пријавила дека околу 14.00 часот на подрачјето на Центар во Скопје, едно лице ѝ го попречило патот, а друго лице физички ја нападнало, при што ѝ одзело личен накит.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Татко пријавил дека малолетник извршил обљуба врз син му во Карпош

Татко пријавил дека малолетник извршил обљуба врз неговиот 14-годишен син на подрачјето на скопската населба Карпош.
Според информациите на МВР, вчера во 20.00 часот во СВР Скопје, 45-годишен маж од Скопје пријавил дека на 12.05.2025 на подрачјето на Карпош во Скопје, еден малолетник со закана и употреба на сила извршил обљуба врз неговиот 14 – годишен син.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.