Црна хроника
Двајца Грци приведени поради кршење и дрско однесување во Битола

Полициски службеници од СВР Битола, синоќа (14 јуни), околу 16 часот, во овој град ги привеле грчките државјани А. П. (50) и Г. П. (53) поради нарушување на јавниот ред и мир.
Како што информираат од МВР, Грците гласно викале, непристојно и дрско се однесувале и кршеле предмети.
Тие се предадени на судија за претходна постапка во Основниот суд – Битола за понатамошно постапување.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Уапсен 19-годишник од Тетовско: при претрес пронајдена дрога

Вчера во 07.15 часот, полициски службеници од СВР Тетово и Полициското одделение Камењане го лишиле од слобода 19-годишниот М.А. од село Пирок.
При претрес во неговиот дом во село Пирок, извршен со судска наредба, била пронајдена и одземена марихуана.
Тој бил задржан во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Претрес во струшко, пронајдени оружје и муниција

Вчера во 08.00 часот, полициски службеници од ОВР Струга го лишиле од слобода 71-годишниот Џ.Д. од село Делогожда, струшко.
При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени ловечка пушка „Брно ЗХ 321“ калибар 16 милиметри, куршуми со калибар 8х57, ловечки патрони калибар 16 милиметри, други предмети и соодветна дозвола. При претрес во неговото возило „хјундаи“ со швајцарски национални ознаки, кое било паркирано во дворот, биле пронајдени и одземени ловечка пушка карабин 8х57 „Црвена Застава“, ловечки патрони калибар 16 милиметри и куршуми калибар 8х57, кои нелегално ги поседувал.
По целосно расчистување и документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Прилепчанец претепал медицинска сестра

СВР Битола поднесе кривична пријава против Р.Т.(43) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“.
На 01.02.2025 во Итната медицинска помош во Прилеп, пријавениот нападнал медицинска сестра додека му пружала помош.