Црна хроника
Двајца дилери уапсени во Прилеп
Припадници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи при ОВР Прилеп денеска ги привеле П. З. (24) и Д. Д. (27) од Прилеп.
Како што информираат од МВР, по добиена судска наредба, биле извршени претреси во домовите на двајцата прилепчани, при што биле пронајдени и одземени две кеси марихуана, саксии со растение канабис и шишенца со 51 семка од канабис.
По документирање на случајот, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Малолетник повреден од воздушна пушка во Кавадарци
Во ОВР Кавадарци вчера околу 04:00 часот, од Општа болница Кавадарци e пријавено дека кај нив со повреда бил донесен малолетник од Кавадарци.
Според пријавеното, додека бил во домот на негов малолетен другар во Кавадарци, пронашлe воздушна пушка и додека ја разгледувале, едниот малолетник случајно испукал една дијабола и го повредил другарот.
Во ОВР Кавадарци бил извршен службен разговор со малолетникот во присуство на родител и адвокат за малолетници, а воздушната пушка била пронајдена и одземена.
Увид извршила увидна екипа од ОВР Кавадарци, известени биле јавен обвинител и Центар за социјални работи Кавадарци и по документирање на настанот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Црна хроника
Ја претепал 71-годишната мајка: уапсен маж од Скопско
На 15.11.2025 во 16:45 часот во скопско село, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Д.З.(40).
Полицијата постапила по претходна пријава дека околу 15:00 часот во семејниот дом физички ја нападнал неговата 71-годишна мајка.
Според МВР, по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Починат маж пронајден во Драчево
Вчера во 12:40 часот во СВР Скопје било пријавено дека во домот на подрачјето на Драчево пронајден е починат М.А.(55) од Скопје.
Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.
Полицијата соопшти дека бил извршен увид од увидна екипа од СВР Скопје.

