Црна хроника
Двајца малолетници повредени при судир на „голф“ и четирицикл на регионалниот пат Кичево – Осломеј
Вчера во 13.16 часот во Полициската станица Кичево било пријавено дека на регионалниот пат Кичево – Осломеј се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „фолксваген голф“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од 31-годишниот Ш.М. од Швајцарија, со живеалиште во Кичево и четирицикл управуван од малолетник од село Махмудовци, кичевско, извести МВР.
„По несреќата малолетниот возач и неговиот малолетен сопатник биле пренесени во Медицинскиот центар Кичево за укажување на лекарска помош“, соопшти МВР.
Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Кичево.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Група од шест лица физички нападнале 15-годишник во Аеродром
Вчера во СВР Скопје, М.Ј.(49) од Скопје пријавила дека претходниот ден околу 22:15 часот на подрачјето на општина Аеродром, нејзиниот 15-годишен син бил пресретнат од шест лица на возраст од 17 до 20 години.
Едниот од нив му се заканил и му побарал пари, но откако не нашол пари кај детето, физички го нападнал.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Возач во Арачиново удрил во тројца пешаци, меѓу кои и тригодишно дете
Возач во Арачиново удрил во тројца пешаци, меѓу кои и тригодишно дете на паркинг.Тројцата со повреди се пренесени во болница.
Според информациите на МВР, вчера околу 18:10 часот во СВР Скопје е пријавено дека на паркинг простор кај село Арачиново, скопско, патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Н.Б.(29) од с.Арачиново, удрило во паркирано возило „фолксваген венто“ со скопски регистарски ознаки, паркирано од Н.С.(38) од с.Арачиново, а потоа и во пешаците Џ.К.(30), 35-годишната А.С. и тригодишно дете, сите од с.Арачиново.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила А.С., додека со телесни повреди се здобиле Џ.К. и тригодишното дете, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.
Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.
Црна хроника
Кривична пријава за жител на струшко за кражба на струја
Полицијата поднесе кривична пријава против Н.А.(55) од струшкото село Подгорци поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „кражба на електрична енергија, топлинска енергија или природен гас“.
Според информациите на МВР, на 18.09.2025, при контрола на мерни броеви било утврдено дека тој неовластено извршил премостување на мерната опрема, при што директно од мрежата преземал нерегистрирана електрична енергија.
На тој начин тој се стекнал со противправна имотна корист од 184.329 денари.

