Црна хроника
Двајца мигранти пронајдени починати покрај пруга во Табановце
Во СВР Куманово вчера во попладневните часови било пријавено дека покрај железничката пруга во селото Табановце биле пронајдени две тела на починати мигранти.
Од извршениот увид од страна на полициски екипи од СВР Куманово било констатирано дека лицата биле удрени од воз.
Утврдено е дека станува збор за Ј.К од Авганистан, а сè уште се вршат проверки за утврдување на идентитетот на другото лице.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Топ
Петарда експлодира во раката на осумгодишно дете од Врапчиште, заврши на Клиника
Осумгодишно дете од селото Врапчиште, гостиварско, се здобило со сериозни повреди на раката кога му експлодирала петарда.
Настанот бил пријавен на 29 декември 2025 година во 15:10 часот во ОВР Гостивар, од страна на Ургентниот центар во Гостивар, каде што малолетникот бил донесен со повреди.
По излегувањето на полициски службеници на терен, било утврдено дека станува збор за осумгодишно дете кое се повредило кога петарда експлодирала во неговата рака. По укажаната медицинска помош во Гостивар, поради сериозноста на повредите, детето било пренесено на понатамошно лекување во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Со нож му го зеле велосипедот на дете во центарот на Скопје
Вчера попладнето малолетно момче било ограбено во Центар, кога две лица му се заканиле со остар предмет и му го одзеле велосипедот.
Според пријавата, напаѓачите му пристапиле на детето на улица, му се заканиле и побегнале со велосипедот.
Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Со комбе полно со теписи фатен кај Дебрца – MВР поднесе кривична за скопјанец
52-годишен скопјанец заработи кривична пријава откако полицијата го затекна како нелегално превезува поголема количина теписи и стази во близина на селото Подмољје, општина Дебрца.
Контролата била извршена на 15 декември, кога полициски службеници го запреле товарното возило „форд транзит“ со скопски таблички. При проверката било утврдено дека станува збор за стока поврзана со криумчарење и царинска измама, по што возачот бил лишен од слобода.
Запленетите теписи и стази се предадени на Државниот пазарен инспекторат во Охрид, а против скопјанецот е поднесена кривична пријава.

