Црна хроника
Двајца охриѓани тешко повредени, со „форд“ излетале од патот

Вчеравечер, во 22.45 часот, во СВР Охрид било пријавено дека на магистралниот пат Охрид – Кичево, во близина на селото Требеништа, општина Дебрца, патничко возило „форд“, со охридски регистарски ознаки, управувано од 27-годишниот А. М. од Охрид, излетало од патот, извести МВР.
„Притоа возачот и сопатникот Е. Л. (19) од Охрид добиле тешки телесни повреди, констатирани во болницата ‘Св. Еразмо’ во Охрид“, соопшти МВР.
Увид на местото на несреќата извршила екипа од СВР Охрид.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Кичевец дивеел во градот – нападнал ученици, таксист, обезбедувач и полицаец

Дваесет и осумгодишен Кичевец дивеел низ градот – тој нападнал таксист, потоа во две училишта нападнал ученици и вработени, подоцна се упатил кон болницата во Кичево, каде што го повредил вработениот кој го обезбедувал објектот. На крајот го нападнал и полицаецот кој што го привел.
Според информациите на СВР Охрид, вчера во 11.45 часот на улица „Круме Угриноски“ во Кичево, полициски службеници го пиведоа Е.З.(28) од Кичево.
На улица „29 Ноември“ во Кичево, тој со закана со остар предмет сопрел такси возило и се заканувал на возачот, по што во две средни училишта агресивно се однесувал и физички нападнал неколку ученици и вработени, физички нападнал и случаен минувач на Градскиот кеј на реката Сушица и вработен како обезбедување во Медицинскиот центар во Кичево, на кого му нанел повреда со остриот предмет. Подоцна, откако бил приведен, во службени простории на ОВР Кичево Е.З. физички нападнал и полициски службеник.
По целосно документирање на настанот, против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Ограбени малолетници на автобуска станица во Скопје: уапсени тројца разбојници

Вчера околу 23.30 часот на подрачјето на Бит Пазар во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода 19-годишниот С.А. од село Кондово, скопско, 22-годишниот М.И. и 20-годишниот Р.Ф., двајцата од Скопје.
Тие се сомничат дека околу 22.25 часот на автобуска постојка на подрачјето на Бит Пазар со закана одзеле пари од пет малолетници од село Кучевиште, скопско, а откако го напуштиле местото пресретнале други двајца малолетници од скопските села Идризово и Трубарево.
По целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител,против нив ќе биде поднесена соодветна пријава по брза постапка.
Црна хроника
Се бара притвор за четири лица кои краделе од објект на Железници во Скопје

Скопското обвинителство поведе постапка против четири лица кои извршиле вкупно 4, а се обиделе да извршат уште една тешка кражба од објект на Јавното претпријатие Македонски железници Инфраструктура – Скопје на булеварот „Србија“.
Од почетокот на месецов, во четири наврати, со физичка сила и алат го кршеле катанецот со кој била затворена капијата на објектот, а потоа влегувале внатре и одземале машини и други предмети во вкупна вредност од 1.239.000 денари.
Потоа, уште еднаш на 14 април, двајца од нив дошле пред објектот, ја обиле металната капија и се обиделе да одземат парчиња лим, но биле забележани и задржани на лице место од вработените.
За сите нив јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор.