Црна хроника
Двајца повредени во сообраќајка кај Штипска клучка
Две лица се повредени во сообраќајка кај Штипска клучка. Според полицијата, несреќата се случила вчера околу 16:15 часот на регионалниот пат Велес – село Мамутчево, во близина на место викано Штипска клучка.
При судир меѓу товарно возило „мерцедес“ управувано од Д.В. (267) од село Сушево, општина Василево, и работна машина „тома винковиќ“ со велешки регистарски ознаки, управувана од Д.А. (43) од Велес, со тешки повреди се здобил возачот на работната машина. Сопатникот С.А. се здобил со телесни повреди. Двајцата биле пренесени во Општа болница Велес. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Велес.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Нападнати малолетници на автобуска постојка во Скопје
Во СВР Скопје вчера било пријавено дека околу 14.00 часот на автобуската постојка на подрачјето на Центар во Скопје, неколку лица физички нападнале четири малолетници и им одзеле повеќе предмети.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Оштетиле инвентар во кафеана, запалиле возило кое на сила го одзеле, се заканувале на полицаец: уапсени неколку лица од Прилепско
Синоќа во 23.30 часот во с.Кривогаштани, полициски службеници од Полициското одделение Кривогаштани ги лишиле од слобода М.Ј.(33) од с.Крушеани, З.К.(35) од с.Кривогаштани, М.М.(55) од Прилеп и С.Л.(56) од Прилеп.
Тие се сомничат дека претходно во угостителски објект во с.Кривогаштани, сопственост на Б.Ѓ.(27) од с.Годивље, оштетиле дел од инвентарот, а подоцна запреле патничко возило „бмв” со прилепски регистарски ознаки, кое го управувал Б.Ѓ, со употреба на сила му го одзеле, го однеле на ул.„Илинденска“ и го запалиле.
Пожарот бил локализиран од екипа на Територијалната противпожарна единица Кривогаштани, а повредени лица нема.
Во врска со настанот, на 21.05.2024 во 03.50 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека на 20.05.2024 околу 23.30 часот М.М. и З.К. агресивно се однесувале кон командир на Полициското одделение Кривогаштани и му упатувале закани, додека тој извршувал службени дејства.
МВР соопшти дека по целосно расчистување и документирање на случајот, против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави
Црна хроника
Измамена жена од Кочани: по телефон и барале пари, и кажале дека внукот направил сообраќајка и згазил мигрант
Вчера во ОВР Кочани, 75 – годишна жена од Кочани пријавила дека била измамена од едно лице.
Според пријавеното, лицето ѝ се јавило на телефон и ја довело во заблуда дека нејзиниот внук предизвикал сообраќајна несреќа во Германија и згазил лице – мигрант, а доколку сака да му помогне, треба да даде 60.000 евра.
Како што било пријавено, подоцна пред нејзината куќа дошло едно лице на кое му дала 251.400 денари.
За настанот е запознаен јавен обвинител и се работи на негово расчистување, соопштија надлежните.